Разговор:Сашо Мијалков

Тековни разговори
WikiProject Macedonia Logo mk.svg Оваа статија е дел од ВикиПроект Македонија, чии цели се создавање стандардизиран, информативен и лесен за користење извор за Македонија. Ако сакате да земете учествувате во овој проект, ве молиме посетете ја страната на проектот, каде можете да се приклучите на проектната екипа.

Поранешен член на ВМРО-ДПМНЕУреди

На статијата ми беше укажано преку Твитер. Нема никаков цитиран извор што покажува дали Сашо Мијалков е член, а уште помалку поранешен член на ВМРО - ДПМНЕ. Оттаму корисникот има право да побара дополнително објаснување, и цитирање на извор. Јас лично не знам премногу околу членството ама убаво би било како пракса секоја информација може да се потврди со извор, бидејќи тоа го бараат политиките на Википедија. --FlavrSavr (разговор) 22:32, 31 јануари 2017 (CET)

Сега сфатив што е проблемот, има нов cite шаблон. :) --FlavrSavr (разговор) 22:36, 31 јануари 2017 (CET)

Го корегирав техничкиот момент. Тоа што некоја информација е на статијата X години не значи дека е точна, особено ако не е поткрепена со извор и секој може да побара проверлив и релевантен извор. Засега таков нема. --FlavrSavr (разговор) 22:59, 31 јануари 2017 (CET)

Цобе, ти си еден од најискусните корисници на Википедија на македонски јазик, а не застапник на некој кој објавил нешто на Twitter. Според тоа, ако тој на Twitter сметал дека треба да се отвори дискусија за некоја информација во статијата „Сашо Мијалков“, тогаш слободно можел тоа да го направи. Твоето прво уредување ми стана толку сомнително, што веднаш си помислив дека имаш нешто со корисникот DDvl, бидејќи не е веројатно ти да направиш уредување со кое името на почетокот на биографска статија ќе биде врска.
Во поглед на оспорениот факт за тоа дали личноста е поранешен член на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, јас искрено не можев да најдам ниту еден веродостоен извор којшто го потврдува тоа. Згора на тоа, успеав да ја пронајдам неговата биографска страница на официјалното мрежно место на партијата, каде што се споменува дека е член на нејзиниот извршен одбор, што дополнително наведува на тоа дека е нејзин член (искрено, не знам дали може некој да биде член на извршен одбор на политичка партија без да е нејзин член). Поради тоа, го избришав податокот, кој не знам како стоел незабележан повеќе од четири години.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:22, 31 јануари 2017 (CET)
P.S. Мислам дека е добро, ако е во можност, во дискусијата да се вклучи Тиверополник како корисник со најголем придонес кон содржината на статијата за да ни помогне во врска со постоењето на извори со кои би се потврдила веродостојноста на фактот.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:35, 31 јануари 2017 (CET)
Го познавам корисникот, и јас му сугерирав на твитер да ја направи измената (погрешно, се извинувам) и/или да започне дискусија на темата на страницава за разговор. Ова од надеж дека можеби конструктивно ќе се вклучи во Википедија (assume good faith - AGF). Јас најдов податоци дека бил: 1. член на партијата (од 1990 - [1]), 2. член на извршниот комитет (страницата што ја прати ти не ми ја отвори во Фајрфокс, но во Google Chrome да - [2], а еве и овде - [3]). Никаде не можам да најдам дека е поранешен член, а не можам ни да најдам логични причини зошто би се откажал од членството - така што може да претпоставам дека се работи за неточна информација. Човекот е и член на партијата и член на извршниот одбор на партијата. --FlavrSavr (разговор) 23:42, 31 јануари 2017 (CET)
Па што знам дали е член или не... Со оглед на фактот што го поставуваат на официјалната страна на партијата, каде пишува и дека е Член на извршниот комитет на ВМРО - ДПМНЕ, би требало да е во исто време и член на партијата. Ама тоа моето би требало овде не го признаваме. Друг поверодостоен извор немам намера да барам бидејќи тешко се наоѓаат податоци на интернет за споменатата личност--Тиверополник 23:46, 31 јануари 2017 (CET).
Во ред. Со оглед на тоа што изворите со кои располагаме укажуваат на тоа дека е член на партијата, а немаме доказ за тоа дали и кога ја напуштил или дека е нејзин поранешен член, мислам дека е најдобро да се избрише тврдењето во заградата и да се искористи дел од горенаведените извори како потврда за тоа дека е нејзин член.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:26, 1 февруари 2017 (CET)
Штом е дел од извршниот одбор на партијата, сосема логично е да е нејзин член. Она што мене не ми беше логично кога ја читав статијата, е да магистрирал економија во Прага во 1994, а после да дипломирал економија во Скопје во 1998. Нели прво одат додипломски, а после магистерски студии, а не обратно?--Retrohead (разговор) 10:32, 1 февруари 2017 (CET)
Логично, ама не и нужно, мислам дека во СДСМ на пример има(ло) членови на ИО кои не се формално членови на партијата. Ама најдовме извор и дека е член и од кога е. За магистерските студии стварно не знам. :)) Ќе додадам информации од тие линкови што беа споменати горе.--FlavrSavr (разговор) 11:39, 1 февруари 2017 (CET)
Назад на страницата „Сашо Мијалков“.