Разговор:Сатоши Омура

Последен коментар: пред 8 години од Bjankuloski06

Името на третиот добитник на Нобеловата награда во шаблонот „Нобеловци 2015“ е дадено како „Ту Јоујоу“, додека јас го зедов како „Ту Јују“ според објавите во македонскиот печат, но и како е дадена во рускиот и српскиот јазик. Предлагам името да се промени во шаблонот. П. Неделковски 23:36, 10 октомври 2015 (CEST)

@P.Nedelkovski: Здраво. Правилото кај нас тука е да се водиме според нормите за предавање на странските јазици во Македонскиот правопис, чие поглавие за предавање на кинескиот е преточено (во друг формат) на оваа страница. А и рака на срце, предавањето е најдобро што може да биде. Бидејќи тоа предавање (транскрипција) е официјално во Македонија, ќе треба да се водиме по него. Јас веќе го сменив секаде да се води правилно, како Јоујоу за да заштедам на време и труд. --Б. Јанкулоски (разговор) 18:08, 11 октомври 2015 (CEST)Одговори

Уште една мала забелешка. Уште од поодамна, начинот правилото на пишување статии (според македонскиот енциклопедискис стил) е првиот збор од статијата да биде нечленуван, а потоа да следи долга црта. Покрја тоа, правило е во заграда да стои изворното име со Предлошка:Lang-код, па точка запирка и датуми). Еве вака:

'''Артур Брус Мекдоналд''' ({{lang-en|Arthur Bruce McDonald}}; р. [[29 август]] [[1943]]) — [[Канада|канадски]] [[астрофизичар]]...

Ова е исто така цврсто правило кое го следат активните уредници одамна и ќе мора да се запазува.

Да не заборавам, на крајот, токму пред категориите, кога се работи за личност, мора да се стави

{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Презиме, Име}}

за да се заведе личноста, прво по презиме, па име, како што е правилото.

Поздрав! --Б. Јанкулоски (разговор) 18:16, 11 октомври 2015 (CEST)Одговори

Во ред. П. Неделковски 08:09, 12 октомври 2015 (CEST)

Назад на страницата „Сатоши Омура“.