Разговор:Раички манастир
Последен коментар: пред 1 година од Bjankuloski06 на темата Името
Името
уредиМислам дека името не е правилно. Во литературата не се споменува така. И правописно сметам дека не е во ред. Марио спомена според парохија и според некои маала, но сметам дека маалата се секогаш локални топоними и секогаш се на некој дијалект. Плус тоа таква парохија не постои. Молам за мислење ако некој се разбира во оваа тема.--Р ашо 11:23, 27 април 2016 (CEST)
- Во основа, меѓу народот манастирот е повеќе познат како Манастир (во) Рајчица, речиси никој не го споменува како Раички или Рајчки Манастир, исто како што Манастирски манастир во с.Манастир (село) во Мариово никој не го знае или вика со името Манастирски или Мариовски како што напишавме во статијата. Ако се вади придавка од Рајчица би требало да е рајчички, раички/рајчки повеќе би било придавка од с.Рајца (Преспанско), но како човек кој има потекло баш од тоа село и често оди таму, пренесувам дека на тамошниот говор придавката од селото е Рајчки. Рајчка парохија постоела порано, а за неа има издадено книга од Петко и Методија Јовчевски од 2000 во Дебар, која е наведена во статијата Црква „Св. Варвара“ - Рајчица. Поздрав - Марио Шаревски - Македонец (разговор) 11:58, 27 април 2016 (CEST)
- Според мене, треба да оди Раички манастир. Знам дека го викаат и само „манастир Рајчица“, но тоа е навистина беспримерно и мислам дека не чини. Јас сум за Раички, место Рајчки, бидејќи фонолошки не одговара (а во самиот изговор кај мештаните, тоа не ни има разлика). Поздрав --Б. Јанкулоски (разговор) 21:31, 27 април 2016 (CEST)
- Се согласувам со Бојан.--Никола Стоіаноски 21:57, 27 април 2016 (CEST)
- Според мене, треба да оди Раички манастир. Знам дека го викаат и само „манастир Рајчица“, но тоа е навистина беспримерно и мислам дека не чини. Јас сум за Раички, место Рајчки, бидејќи фонолошки не одговара (а во самиот изговор кај мештаните, тоа не ни има разлика). Поздрав --Б. Јанкулоски (разговор) 21:31, 27 април 2016 (CEST)
- @Bjankuloski06 @MacedonianBoy @Raso mk @Македонец Ја средував статијава и забележав дека никој не постапил по дискусијава, па така да остане трага, јас ја променив во Раички манастир, поради нашата пракса имињата на манастирите да бидат напишани на овој начин. Воедно, придавката раички е спомената и во Речникот на имињата за населени места од Олга Иванова. --Ehrlich91 (разговор) 18:34, 13 јануари 2023 (CET)
- @Ehrlich91 Да, правилно. Б. Јанкулоски (разговор) 22:13, 13 јануари 2023 (CET)
Мене најмногу ми беше од граматичка гледна точка. Сметам дека Ј не може да биде на тоа место.--Р ашо 23:52, 27 април 2016 (CEST)