Разговор:Океан Елзи
Ова е разговорната страница за расправа во врска со подобрувања на статијата „Океан Елзи“ |
||||
---|---|---|---|---|
|
|
Хаха! А Киев е сега Киив? :) — Svetko 17:13, 24 март 2008 (UTC)
- Всушност, македонскиот назив за украинското Львів или руското Львов е Лавов... Така и го преправив откако консултирав неколку мапи... Би требало да е во ред... А Киев си е сѐ уште Киев ;) --Филип 17:19, 24 март 2008 (UTC)
Ама официјалните медии ги користаат официалните правила на транслитерација, нели????
„Утрински весник„ понеделник, 16 октомври 2006
Забраната беше воведена откако еден "сухој" СУ-27 се урна во експлозија, за време на еден воен аеромитинг во западниот град Лвив.
Телевизија А1, вести од 28.07.2002
Украинскиот претседател Леонид Кучма, кој вчера го посети местото на несреќата ја нарече „Ноќна мора“ трагедијата во Лвив.
Tjuha 17:46, 24 март 2008 (UTC)
Резултатите од пребарување во „Утрински весник“: лавов - 9, лвив - 4, лвов - 7. — Svetko 17:56, 24 март 2008 (UTC)
А еве ја целата македонска мрежа: лавов - 188, лвов - 57, лвив - 49. — Svetko 18:06, 24 март 2008 (UTC)
- Оф леле, не ми се верува дека пак настанува војна! Бог нека ни е напомош :( Ако барате резултати на гугл, ништо нема да докажете, затоа што дава резултати и за двата случаи, многу нормално. И никогаш нема да се согласиме што е правилно. Пред сѐ морам да напоменам дека не сум на ничија страна! Со сѐ што можам ќе се потрудам ова да не премине во нецивилизирано препукување. Само смирено ;) --Поречанец A? 19:24, 24 март 2008 (UTC)
- Секако дека нема да се препукуваме бесцелно. Сега го читам правописот кој вели вака:
„ | 160. б) Украинските имиња не добиваат наша форма (....). Но: Ничипір - Ничипор, Хведір - Хведор (зашто првобитното о се јавува во сите други форми). Така и Львів - Лавов, Киів - Киев. | “ |
- Друго, мислам дека формата Лавов има акцент на о-то (како во рускиот). Затоа и во статијата на неколку места ставив лавóвски (=of Lviv) за да не се меша со лавовски (=of lion). ПС: мислам дека македонските медиуми се unreliable source на граматички правила. Мислам дека Инкубус ќе се сложиш со тоа. Пола од нив немаат ниту лекторски тим (или барем еден лектор!), а преводите на филмовите им се оф леле мајко. Можеби, освен, МРТ :D --Филип 10:17, 25 март 2008 (UTC)
- Има во правописот баш за Львів и Киів?! Хах, одлично. А би се кладел дека нема. И, да, се сложувам дека нашите медиуми се далеку избегани од граматички правила, правопис, а особено интонација (не можам да ги смислам репортерите на Телма!) :D (освен МРТ, нели...) --Поречанец A? 23:15, 25 март 2008 (UTC)
Сè е добро, ама уште не се договоривме за имињата на дечките. — Svetko 09:33, 26 март 2008 (UTC)
- За дечките стварно мислам дека треба „Х“, затоа што нивните имиња се изговараат така. Двајцата се Украинци (не знам по потекло што се) и така им се изговараат имињата. Не знам причина зошто би ги напишале поинаку. --Поречанец A? 21:21, 26 март 2008 (UTC)
- Проблемот е дека не се изговараат со „х“. Украинското „г“ не е „х“ ниту од фонетична, ниту од графичка, ниту од етимолошка, ниту од логичка гледна точна. Таков звук во македонски го нема, а тој истовремено се пишува како г, одговара на македонското г и, што е најбитно, се разликува во украински од х. Добар пример можат да бидат српските ћ и ђ: тие се пишуваат на македонски со ќ и ѓ само поради втората и четвртата причина (етимолошка соодветност и логика: можеби и можеле да се препишуваат со ч и џ, но тогаш Чопић и Ћопић не се разликуваат).
- А дечките... во нивните пасоши има два имиња, на руски и на украински. И руското име изгледа како името на некој Русин, дури украинското име не изгледа како украинско. Тоа значи дека или тие или нивните родители дошле во Украина многу неодамна и били Руси. Ако тоа не значи ништо, тогаш и Милош Јелиќ треба да постане Милош Елич, во транслитерација од украински. — Svetko 10:39, 27 март 2008 (UTC)
Започнете разговор за Океан Елзи
Разговорните страници служат како место за разговор во врска со тоа како да се создадат најдобри можни содржини на Википедија. Тука можете да започнувате разговори со други околу подобрувањето на Океан Елзи.