Константин Држилович

Константин Динков Држилов(ич) – Динката (?, Држилово, Негушко, Егејска Македонија - 1890, Солун) — македонски револуционер, преродбеник, општественик, печатар и книжевник. Учествувал во Негушкото востание, а потоа војувал против Турците во Грција. По преселувањето во Солун се занимавал со трговија и печатарство, а активно се вклучува во антипатријаршиската борба за своја црква, јазик и училишта и во конституирањето на Солунската црковно-училишна општина.

Константин Држилов
Роден ?
Држилово, Берско, Егејска Македонија, денес  Грција
Починал 1890
Солун, денес  Грција
Занимање револуционер и книжевник

Животопис уреди

Константин Држилов е роден во село Држилово, во богато семејство. Учел во грчкото училиште во Мелник.[1] Во 1822 година, потикнато од грчкото востание, заедно со помалиот брат Киријак Држилович зел учество во Негушкото востание. По задушувањето на востанието, при кое било опожарено родното место, заедно со братот и дел од македонските востаници се повлекол на југ, каде се придружиле на грчките востаници. Војувале против Османлиите сè до 1829 година, а по освојувањето на независноста на Грција, Константин и Кирјак живееле во Атина до средината на XIX век.

Околу 1850 година, двајцата браќа се преселиле во Солун, а Константин се занимавал со трговија. Тој му помагал на брат му Кирјак да отвори печатница,[2] каква што немало од затворањето на печатницата на Теодосиј Синаитски.[3]

По многу пречки од страна на грчките црковни власти Киријак и Константин Држилови добиваат дозвола да отворат грчка печатница, во која ќе се печатат грчки, но и книги на македонски јазик со грчки букви.[2][4] Во 1851 година, печатницата на браќата Држилови со грчки букви и со македонски јазик ги печати во Солун „Канонаме за селата битолски“, а во 1852 година „Неделно евангелие“ (Кониковско евангелие) од Павел Божигропски (Солон, Стампа Кирјакова Дарзилен, 1852).[4][5] Евангелието подготвено од Божигропски од село Кониково, пишувано на воденско наречје[3] денес е особено важно за изучување на македонскиот јазик.[5]

Со печатницата на Држилови работи и книжарница преку која тие распространуваат грчки, руски, бугарски и српски книги и весници. Иако, во печатница биле публикувани грчки учебници, тоа не е доволно за грчките црковни власти.[5] Тој бил ангажиран во растурање на цариградскиот весник „Македонија“.[2]

Константин Држилович активно се вклучил во антипатријаршиската борба и бил еден од најистакнатите борци за црковна независност, формирање на училишта и употребата на мајчиниот јазик. Активно учествувал во борбата за конститурање на Солунската црковно - училишна општина. Согледувајќи дека во борбата за управување со црковно-училишните општини сè повеќе го губел влијанието кај славјанското население, грчките првенци и свештество прават големи напори за да се затвори печатницата на Држилови во Солун.

Константин и неговиот брат Киријак одржувале врски со македонските преродбеници и руските конзули. Константин соработувал со Стефан Верковиќ и Георги Раковски. Пишувал за весникот на Георги Раковски „Дунавски лебед“, кој се печател во Белград од 1 септември 1860 до 24 декември 1861 година.

Во 1865 година Константин Држилов станал претседател на Солунската црковно-училишна општина.[2]

Константи Држилов Динката е татко на Георги Динков и Славка Динкова, кои го продолжуваат делото на својот татко и стрико.[2]

Констатин Држилов починал во Солун во 1890 година.[6][7][8]

Родословие уреди

Динка
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Киријак Држилович
(? — 1877)
Константин Држилович
(? — 1890)
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Ѓорѓи Динков
(1839 — 1876)
Славка Динкова
(1848 — 1869)
 
 
Димитриос Динкас
(1876 — 1874)

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Васил Кънчов. „Избрани произведения“, Том I, София, 1970, стр.141.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 167–168. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  3. 3,0 3,1 Андоновски, Христо (2017). Вистината за Егејска Македонија (PDF). Торонто, Канада: Risto Stefov Publications. стр. 11.
  4. 4,0 4,1 Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 99. ISBN 9989-613-28-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  5. 5,0 5,1 5,2 Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 494. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
  6. Българската възрожденска интелигенция (енциклопедия), ДИ „Д-р Петър Берон“, София, 1988, стр.231.
  7. Парижков, Петър. Фамилията Държилович. „Възрожденски книжари“. София, Наука и изкуство, 1980, стр. 229-231
  8. Снегаров, Иван. „Солун в българската духовна култура: исторически очерк и документи“. София, Придворна печатница, 1937, с. 30-32, 40 (бел. 40)

Надворешни врски уреди