Разговор:Институт за национална историја

Брест, и ако линкот не беше линк за официјалната страница на ИНИ, тогаш наместо да го избришеш целосно, можеше да го преименуваш насловот на линкот. Вака, не сфаќам зошто сметаше дека треба да се избрише релевантен линк. А дека е релевантен линкот мислам дека ќе се согласиш. (Zdravko 13:05, 23 јуни 2007 (UTC))

Линкот не беше за официјалната страница на ИНИ, јас не знам дали ИНИ има воопшто своја страница, сум барал на интернет ама не сум нашол (жалосно ако нема). Линкот може да се смета за релевантен, со оглед на тоа што има корисни и точни информации на него иако застарени. Се си мислам овие информации наведениот веб сервер да не ги чита од некое CD со 2х брзина, многу е споро отварањето на страницата. А како што реков информациите се прилично стари од една страна, од друга страна се користи писмо кое се користеше од времето на ChiWriter, со тотално неупотреблива кодна страница, од трета страна бидејќи таму имаше некој каталог на изданија на институтот со цени мене ми заличе на економска пропаганда (ЕПП), а википедија не е место за ЕПП. Незнам дали сум во право или не затоа што го тргнав линкот, ама ми претежнува мислењето дека сум во право.--brest 21:05, 24 јуни 2007 (UTC)
Јас податоците за креирањето на статијата ги преработив оттаму, така што е несомнено дека се работи за релевантен линк. Ако ги бришеме сите линкови што имале застарени податоци или што имале ценовници за сопствени изданија, тогаш дефинитивно пред нас стои крупна работа на бришење на многу линкови на статиите на македонската википедија. (Zdravko 08:29, 25 јуни 2007 (UTC))
Назад на страницата „Институт за национална историја“.