Разговор:Зборник на Миладиновци

ВМЕСТО ДА ФИЛОСОФСТВАТЕ, ПPОЧЕТЕТЕ ОРИГИНАЛА НА "ЗБОРНИКОТ", КОЙТО МОЖЕ ДА СЕ ЗАРЕДИ ОТТУК: http://promacedonia.org/bugarash/bnpesni/bgnpesni.pdf

Ако има кореспонденциjа дека собирале Македонски песни (како регион), има и кореспондинциjа дека собираат бугарски песни (Македониjа). Сам Д. Миладинов пишува дека русинот Виктор Григорович запишал од неговата маjка "една болгарска песма".

Во Зборникот нема никакви нотни записи - ни на Н. Миладинов, ни на Чолаков. Да се пише дека нотните записи на Миладинов биле исфрлени, за да бидат вметнати нотните записи на Чолаков е неточно. Поздрав, --Антон 12:33, 7 Декември 2005 (UTC)

Во ред, штотуку видов дека ова е дискусија пренесена од бугарската википедија. Со Бојан се стигнале до веќе некои детали и ќе ми треба време да се вклопам. Не ми се допаѓа формулацијата на реченицата: Не се правело разлика меѓу Македонци и Бугари, сметам дека може да се сфати погрешно, иако во основа се сложувам со неа, но во смисла дека македонската нација била во почетна фаза на формирање, и "Бугари" тешко може да се сфати во денешната смисла на зборот "Бугари". Значи, Антоне, ако прифатиме дека е можно дека "македонски" било користено како регионален идентификатор, сосема е можно и дека "бугарски" немал национално значење, туку, како што вели Влахов-Мицов како политичко-јазична рамка за дејствување. Како и да е, ве оставам да ја довршите дискусијата со Бојан. И добредојдовте повторно на македонската википедија! --FlavrSavr 20:01, 7 Декември 2005 (UTC)

Благодарам FlavrSavr за топлите зборови. Тешко е за мене да се сложам са вашето предпоставување дека поимите Македонец и Бугарин се били слични како карактер во средината на ХІХ век (во друга дискусиjа имав можност веќе да ви кажам што мислам за философот Влахов-Мицов и неговите аргументи). Разликата е таа дека поимот Бугарин има исклучиво етнички карактер (се зборува за Бугарски jазик, Бугарска народност и т.н.), а содржината на поимот Македонец (доколу се употребува) е исклучиво регионална. Факт е дека тогаш имало област на име Македониjа и е нормално жителите на таа област со различно потекло и jазик да бидат Македонци. Истовременно многу ретко се употребувал поимот Бугариjа за денешна Северна Бугариjа или Мизиjа. Доколку поимот "Бугарин" се употребувал за жители на други региони (Тракиjа, Бесарабиjа, Македониjа и др.) очигледно дека ова не било во регионална смисла. Во секоj случаj во средината на ХІХ век странските извори виделе различни народности во Македониjа и една од нив биле Бугарите. Кон ова можам да добавам дека самите Македонци не превале разлика меѓу Македонци и Бугари што се докажува со Зборникот. Поздрав, --Антон 14:20, 8 Декември 2005 (UTC)

Константин Миладинов не "бил должен да се согласи" Зборникот да биде "Б'лгарски народни песни". Откаде имате таа информациjа? Тоj сам, како што се кажа, многу години пред тоа е мислел дека ги собира бугарски песни. Видите самиот Зборник. Погоре е наведена и негова кореспонденциjа. Поздрав, --212.122.161.65 12:26, 9 Декември 2005 (UTC)

Првобитниот наслов на оваа книга бил Македонски народни песни, тоа е едно од многуте мислења за ова дело. Бил должен да се согласи бидејќи, всушност, ако и не се согласел на овој потег, неговиот Зборник никогаш и немало да биде отпечатен бидејќи тој никаде не наишол на волја за издавање на оваа негова книга (дури ни во Русија, а затоа и ја напуштил - од разочарување), чиешто печатење било огромна желба на Константин, и како што една од варијантите гласи, дека бугарските народни песни се интервентно вметнати со посредство, главно на бугарскиот преродбеник В. Чолаков и менторот на ова издание, човекот кој се согласил да му помогне на Миладинов - Штросмаер. Да, во предговорот на Зборникот се спомнува за бугарски народни песни и сл., но повеќето македонски поети и фолклористи од тој период не можеле да одговорат на задачите од своето време без да имаат потпора на секаков план од некоја појака и побогата граѓанска словенска класа, во овој случај - бугарската (додека македонската била многу сиромашна или, пак, и не постоела). На овој начин постепено се втопиле во бугарштината. Но, такво било времето. Сепак, тие никогаш не пишувале и твореле против Македонија. Затоа, бугарштината на тогашните фолклористи, писатели и поети е само една преодна појава во историјата на Македонија, како впрочем и сите други. Поздрав, Бојан

Да ги оставиме коските на нашите предци и тоа дали бугарштината била преодна во историjата на Македониjа од VІІ до ХХ век. За се си има документи. Прашањето беше откаде ja имате информациjава дека бил "должен да се согласи"? Значи Хрватскиот бискуп бил Бугарски националист и ги натерал? А Миладиновци воопшто не мислеле дека Македонците се Бугари? Поздрав, --212.122.161.65 17:44, 12 Декември 2005 (UTC)

Никој не ги вознемирува коските на нашите предци. Абе, да, за се си има документи, само низ што се не поминале тие "дотични" документи, само еден Господ знае. А, и работите треба да се погледнат од научно ниво, а не лаички, што значи тука ние колку и да дрдориме, ништо не правиме. Точно е дека бугарштината е само една преодна фаза, и без разлика колку и да бугарите (не сите) ги сметаат Миладиновци и другите за бугари, тие несомнено имаат оставено голема трага во македонската литература и култура. Поздрав, Boyan 18:15, 12 Декември 2005 (UTC)
Вака, тоа за коските и предците, не навлегувам. Во основа 212.122.161.65 има право, ако некој тврди дека Миладинов бил должен да се согласи песните да се нарекуваат Бугарски народни песни, треба да каже кој е изворот за тоа: документ или толкување од историчар. Поентата не ми е дека го спорам тоа, туку дека кога веќе некој го спори тоа, треба да се цитираат извори. Поуката е - цитирајте извори во дискусии. Поздрав до сите. --FlavrSavr 19:26, 12 Декември 2005 (UTC)

Смешно,е Бугарите да тврдат дека етнонимот Бугар во тогашно време значел исто што и денес.Поимот Бугарин во тогашно време значел Словен од Македонија...


brest-bot проверка на правопис уреди

  • Податотека наместо Image, вики клучни зборови на македонски.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 04:14, 26 јули 2009 (UTC), управуван од Brest.

Назад на страницата „Зборник на Миладиновци“.