Разговор:Велигден (православен)
Ова е разговорната страница за расправа во врска со подобрувања на статијата „Велигден (православен)“ |
||||
---|---|---|---|---|
|
|
Христос воскресе!“, а на тоа другиот одговара: „Вајстина воскресе!“
уредиНезнам колку памтите но дедо Михаил уште незнам когa 90-тите караше дека не е правилно „Христос воскресе“ - „Вајстина воскресе“ да се поздравуваат македонските верници после Велигден туку „Христос воскресна“ - “Навистина воскресна“.
А и сега ако приметите сите владици поздравуваат со „Христос воскресна!“ - „Навистина воскресна!“. :)
Великден
уредиМислам дека статијата треба да се вика Великден, а не Велигден. Најчесто во литературата, во весниците и на други места се пишува со „г“, но во црковните календарчиња, а и според логиката дека тоа е Велик ден, кој следува по Велика Сабота, мислам дека правилно е Великден наместо Велигден. Затоа, предлагам статијата да се пренасочи во Великедн.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:20, 19 април 2009 (UTC)
- Едначење по звучност! Па затоа во болгарскиот јазик (чиј правопис е главно етимолошки) се пишува Великден. --203.59.21.98 (разговор) 07:23, 25 април 2009 (UTC)
- Се согласувам да е со Д бидејќи буквата Г во зборот не значи ништо, не може да биде велигден, кога се велики петок, велики четврто... тоа е нешто нјглупаво шо може да биде, единствено би поверувал дека е Г кога би видел некој старословенски ракопис!--Makedonij (разговор) 21:47, 10 април 2012 (CEST)
- Според дигиталниот речник на македонскиот јазик правилно е ВелиГден. Исто е и кај Омниглот. Според мене тоа е поради едначење по звучност кај Велик, кога ќе се додаде покрај ден, к преминува во г. Исто како и кај леб – лепче и сл.--Р ашо 22:11, 10 април 2012 (CEST)