Отвори го главното мени
Прасе на ражен
Јагне на ражен

Ражен – дрвена или метална шипка за печење месо.

Шипката се мести на два чатала (носачи во облик на буквата Y) така што може да се врти околу својата оска, како што се гледа на сликата. Пред тоа меѓу овие два чатала се ложи оган додека не се добие поголема количина жар. Потоа на раженот се набодува месото и се поставува на чаталите. По потреба месото се насолува и зачинува. Во текот на печењето раженот рамномерно се врти над огнот додека месото не се испече, притоа месото повремено се прелива со вода и разни мирудии.

Раженот може да се врти рачно или за тоа да се корист водотек (река, поток) слично како кај воденицата. Денес раженот се врти со помош на електромотор. На раженот најчесто се става цело (после колење и обработка) животно: вол, свиња, прасе, овца, јагне, јаре, живина... На ражен може да се пече и дивеч.

Со печење на ражен се добива многу вкусно место кој е специјалитет.

Во одредени модели електрични шпорети има инсталиран механизам за печење на помали количини месо на ражен (најчесто за месо од живина).