Раец (река)

река во Македонија
(Пренасочено од Раечка Река)

Раецрека меѓу планините Бабуна и Дрен во средно-јужниот дел на Македонија. Реката е лева притока на Црна Река.

Раец
Река Раец МК 01.jpg
Течението на реката
Други имињаРибница, Брек
Слив
Главен изворДрен
1550 м
УстиеЦрна Река
154 м
41°26′32.9″N 21°55′13.7″E / 41.442472° N; 21.920472° E / 41.442472; 21.920472Координати: 41°26′32.9″N 21°55′13.7″E / 41.442472° N; 21.920472° E / 41.442472; 21.920472
Вис. разлика1396 м
ТечениеЦрна РекаВардарЕгејско Море
Сливна повр.305,19 км2
Физички особености
Должина33 км
Раец (река) на Ризницата

ТечениеУреди

Реката извира на североисточните падини на планината Дрен, на надморска височина од 1.550 м. Настанува од две реки: Свињарница (под ова име е позната во горниот тек) и Церешевик. Нејзиното течение е во североисточен правец до Фаришката Клисура, а потоа свртува кон југоисток и во Црна Река се влева од нејзината лева страна кај селото Шивец на надморска височина од 154 м.[1] Реката тече источно од превојот Плетвар, покрај патот Плетвар-Градско, во пределот на областа Раец.[2]

ХидрографијаУреди

Реката е долга 33 км и нејзиниот тек има релативен пад од 42,3 ‰.[1] Нејзиното сливно подрачје зафаќа вкупна површина од 305,19 км2.[2]

ГалеријаУреди

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 „Риболовна основа за риболовна вода „Слив на Црна Река" за период 2016-2022“ (PDF). Скопје: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Посетено на 7 февруари 2019.
  2. 2,0 2,1 Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 59. ISBN 978-9989-2117-6-8.

Надворешни врскиУреди