Радомир (Ениџевардарско)

село во Ениџевардарско, Егејска Македонија
(Пренасочено од Радомир (Грција))
За други истоимени места, погледајте Радомир

Радомир (грчки: Ασβεσταριά, Асвестарија или Ασβεσταριό, Асвестарио; до 1926 г. Ραδομίρ, Радомир[2]) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 4 жители (2011). До 1924 г. било населено исклучиво со Македонци, кои биле апсолутно мнозинство сè до нивното префрлање во Ново В’дришта од властите.[3]

Радомир
Ασβεσταριά
Двете цркви во Радомир
Двете цркви во Радомир
Радомир is located in Грција
Радомир
Радомир
Местоположба во областа
Радомир во рамките на Постол (општина)
Радомир
Местоположба на Радомир во општината Постол и областа Централна Македонија
Координати: 40°52.22′N 22°24.44′E / 40.87033° СГШ; 22.40733° ИГД / 40.87033; 22.40733
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаПостол
Општ. единицаПазар
Надм. вис.&10000000000000310000000310 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно4
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија уреди

Селото е сместено во јужните падини на планината Пајак,9 км северно од градот Пазар (Ениџе Вардар).

Историја уреди

Во Отоманското Царство уреди

На почетокот на XX век Радомир е заведено како чисто македонско село во Ениџевардарска каза. Според Николаос Схинас, во средината на 1880-тите Радомир било село со 35 христијански семејства.[4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Радомир броел 165 жители Македонци.[5][6]

Според цариградскиот деец Христо Силјанов, по Илинденското востание во 1904 г. целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[7] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Радомир (Radomir) имало 360 Македонци, сите под егзархијата.[5][8]

Според училишниот инспектор Никола Хрлев, во 1909 г. Радомир имал 48 македонски (според него „бугарски“) егзархиски куќи и месна црква „Св. Спас“. Во ова време навлегла и бугарската пропаганда со отворањето на бугарско училиште.[5][9]

Училишниот инспектор Никола Хрлев во 1909 г. напишал за селото:

Радомир, 13 /III, 3¼ ч. од Корнишор. 48 македонски егзархиски куќи, свои. Црквата „Св. Спас“ е отворена. Таа располага со 7 погони нивје и 30 овци. За првпат се отвора бугарско училиште. Училиштето, приватна куќа под наем, е една просторија голема 4×4×2 м со душеме, со огниште без таван и многу темно.[5][10]

Во 1910 г. Халкиопулос напишал дела селото (Ραδομίρ) има 250 егзархисти.[4][11]

Во септември 1910 г. селото настрадало во разоружувачката акција на младотурците. Къщата на забегналия Вандо Ѓошев е ограбена, а жена му е претепана.[12]

Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 40 словенски куќи.[3][4]

Во Грција уреди

Во 1912 г. Радомир е заведен како село со христијанска вероисповед и македонски јазик. По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 329 жители (180 мажи и 149 жени), а во 1920 г. се намалило на 291 лице.[3] Во 1924 г. 64 лица се принудно иселени во Бугарија, а на нивно место се доведени 118 грчки колонисти.[3]

Во 1928 г. селото било етнички мешано село во 389 жители, од кои 137 лица (43 семејства) биле дојденци.[13] Во 1926 г. селото е преименувано во Асвестарија.[14]

Во 1940 г. селото имало 566 жители, од кои, според статистиката на НОФ, 123 биле грчки дојденци, а останатите биле македонски староседелци.[3] Радомир значајно настрадал во Граѓанската војна, поради што во 1951 г. имало 380 лица. Во 1961 г. населението се зголемило на 432, а во 1971 г. на 424 жители, со апсолутно мнозинство на Македонци.

Во 1970-тите властите решиле да го преселат целото население во нови станови во Ново В’дришта со цел нивно полесно асимилирање. Така, во 1981 г. во Радоми останале само 4 лица, а во 1991 г. само 3.[3] Во 2001 г. населението се зголемило на 25 лица, за повторно да спадне на 4 лица во 2011 г.

Население уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 566 380 432 424 4 3 35 4
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Знаменитости уреди

Личности уреди

  • Вангел Иванов Ташев (1921 – 1945) — подофицер во Бугарија, загинал во Втората светска војна[15]
  • Тома Радомирски — револуционер, четник на Ичко Димитров во 1912 г.[16]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ραδομίρ -- Ασβεσταριό
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 78.
  4. 4,0 4,1 4,2 „Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Γιανιτσών 1886 – 1927“. lithoksou.net. Посетено на 14 јули 2019.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 146. ISBN 954430424X.
  7. Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том I, София, 1993, стр. 126.
  8. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 102-103.
  9. Извори за българската етнография, т. 3, Етнография на Македония. Материали из архивното наследство, София 1998, с. 84. Към 1909 година църквата притежава 7 погона земя и 30 овци.
  10. Хърлев, Никола (1998). Рапорт по ревизията на селските бълтарски училища в Ениджевардарската кааза през м. март 1909 г. – Во: Извори за българската етнография, том 3: Етнография на Македония. Материали из архивното наследство. София: Македонски научен институт, Етнографски институт с музей, Академично издателство „Проф. Марин Дринов“. стр. 84.
  11. Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος (1910). Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου. Αθήναι.
  12. Дебърски глас, година 2, брой 25, 9 октомври 1910, стр. 4.
  13. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  14. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  15. ДВИА, ф. 39, оп. 3, а.е. 105, л. 27
  16. Динев, Ангел. Хуриетът и следхуриетските борби в Гевгелийско. София, 1934, стр. 63.