Радмила Кипријанова - Радовановиќ

Политичар од Македонија

Радмила Кипријанова - Радовановиќ (родена во 1941 година во Скопје) — македонски универзитетски професор на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, ректор и политичар.[1]

Радмила Кипријанова- Радовановиќ
Роден 1941
Скопје, Македонија
Националност Македонка
Занимање професор
политичар

ЖивотописУреди

Радмила Кипријанова - Радовановиќ дипломирала на Технолошкиот оддел на Техничкиот факултет во Скопје (1964), а докторирала на Универзитетот во Загреб (1974). Имала повеќе студиски престои во Европа. На Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје била од 1965 година, а како редовен професор од 1986 година каде предавала во подрачјето на математички методи во хемиското инженерство, моделирање и оптимизација на процесите и дизајнирање на експериментите. Се пензионирала во 2004 година.

Автор на учебници и помагала, научни трудови и истражувачки проекти. Била ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје (во два мандати) и декан на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје (во два мандати).

На политички план, била член на секретаријатот на Извршниот комитет на партијата Демократска Алтернатива. Кипријанова - Радовановиќ била потпретседател на Владата на Македонија, министер за технолошки развој во Владата на СФРЈ, министер за наука во Владата на Македонија, пратеник во Собранието на Македонија[2].

НаводиУреди

  1. Ристовски, Блаже, ed. (2009). "Кипријанова- Радовановиќ". Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. стр. 690. 
  2. „Радмила Кипријанова - Радовановиќ“. Собрание на Македонија. Посетено на 12 февруари 2012.