Работнички клуб „Зуев“

Работнички клуб „Зуев“ (руски: Клуб имени Зуева) во Москва е истакнато дело на конструктивистичката архитектура. Зградата ја дизајнирал Иљја Голосов. Започнал во1927 година и завршил во 1929 година. Зградата е создадена за да сместува разни објекти за московските работници и користи иновативен третман за застаклување на неговиот агол, што се покажал како многу фотогеничен.

Работнички клуб Зуев во 2016 година
Работнички клуб Зуев, 1929 година

Голосов повеќе бил за експресивна, динамична форма отколку за логиката на конструктивистичките методи на дизајнирање. Фасадата на зградата е создадена од цилиндрични застаклени скали кои се пресекуваат со наредени правоаголни подни рамнини за да се создаде драматичен состав.