РК Париз Сен-Жермен

француски ракометен клуб

РК Париз Сен-Жермен, уште познат како ПСЖфранцуски професионален ракометен клуб од Париз, Франција, основан во 1941 година. Клубот е ракометен отсек на Париз Сен-Жермен.[1]

РК Париз Сен-Жермен
Краток називПСЖ, Париз СЖ
Основан1941; пред 83 години (1941)
ИгралиштеАрена Пјер де Кубертен (капац: 3,402)
Арена Жорж Карпентjе (капац: 4,300)
ПретседателКатар Насер Ал-Хелаифи
Главен тренерШпанија Раул Гонсалес
ЛигаДивизион 1
2018-2019Дивизион 1, 1. место
Бои
Клупски бои              
Дресови
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Домашен
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Гостински
Мреж. место
Матична страница
Спортски друштва на Париз Сен-Жермен
Фудбал (мажи) Фудбал (млади) Фудбал (жени) Ракомет (мажи)
еСпортови Џудо Бокс Рагби

ПСЖ игра во највисоката француска ракометна лига, Првата француска лига.[1] Натпреварите на домашен терен во првата француска лига, ПСЖ ги игра во арената Пјер де Кубертен која е со капацитет од 3,402 гледачи, додека на натпреварите од Лигата на шампионите, клубот игра во арената Жорж Карпентје, која е со капацитет од 4,300 гледачи.

Од своето основање, клубот освоил 13 титули. Во домашни рамки, ПСЖ освоил четири титули во Првата француска лига, три титули во Купот на Франција, една титула во Лига купот на Франција, рекордни три титули во Суперкупот на Франција и две титули во Втората француска лига. Во меѓународни рамки, клубот играл во финалето од Лигата на шампионите во сезоната 2016-17, во кое бил поразен од македонскиот клуб Вардар.[1]

Историја уреди

Спорт Аснијер (1941-1985) уреди

 
Џексон Ричардсон.
 
Лик Абало.

Парискиот клуб бил создаден во 1941 година. Клубот бил основан под името Патриотите на Аснијер пред да го преземе името Спорт Аснијер една година подоцна. Во 1945 година, тимот учествувал во финалето на Купот на Франција против Вилемобле во Паркот на принцовите пред 15.000 гледачи. Во тоа време, ракометот се играл со 11 играчи, а екипата била предводена од страна на Кристијан Пикард, а неговиот син Жерард го наследил во сезоната 1975-1976 и останал претседател до 2003 година[1].

Париз-Расинг-Аснијер (1987-1992) уреди

Во 1987 година, раководителите на клубот успеале да го убедат Парискиот градски совет да се приклучи кон зацврстувањето на екипата за да се создаде голем ракометен клуб во главниот град. Тимот од Хаутс-де-Сена потоа се преселил во главниот град и го променил своето име во Париз-Расинг-Аснијер, потоа Париз-Аснијер . Идни големи интернационалци настапувале во клубот од Париз како Џексон Ричардсон, голем играч на францускиот ракомет, двоен светски шампион и олимписки медалист кој останал 2 сезони во клубот помеѓу 1989 и 1991 година. Патрик Казал, друг француски интернационалец и иден двоен светски шампион го потпишал својот прв професионален договор во 1989 година со клубот од главниот град[1].

ПСЖ-Аснијер (1992-2002) уреди

Во 1992 година, клубот се нашол под контрола на Париз Сен-Жермен. Институцијата тогаш предводена од Чарлс Битри интегрирала многу дисциплини: одбојка, рагби и бокс, а името на клубот било променето во ПСЖ-Аснијер. Соработката траела 10 години. Тимот завршил на второто место во ракометната лига на Франција на крајот на сезоната 1995-1996, па дури и стигнала до финалето на Купот на Франција во 2001 година, каде била поразена од страна на Монпелје. Парискиот тим успеал да привлече неколку интернационалци: Стефан Стоеклин, олимписки медалист и светски шампион со Франција во 1995 година, Денис Латхуд, Гаел Монтурел, Ненад Перуничиќ, Оливие Жиру, кој се вратил во Париз во 1999 година, играјќи за клубот до 2008 година, а потоа го тренирал со тимот до 2011 година.

Париз (2002-2012) уреди

Во 2002 година, во клубот пристигнал стратегот Луј Николин, и останал до 2010 година. Со неговото доаѓање започнала нова ера во ракометот на клубот. Во текот на оваа деценија, клубот забележил добри резултати. По неколку задоволителни сезони, особено во 2005 година кога Париз завршил на второто место и идната 2006 и третото. Парижаните, исто така, учествувале и во Лигата на шампионите во текот на сезоната 2005-2006, завршувајќи на второто место во својата група, но во шеснаесетфинлето биле поразени од страна на германки ТХВ Кил. Првиот трофеј на клубот бил освоен во 2007 , кога со резултат од 28-21, Париз победил во Купот на Франција[1]. На крајот на сезоната 2008-2009 година, клубот завршил на 13-то место во лигата, па клубот испаднал во втората лига. Сопственик Луис Николин го продал клубот во март 2010 година на компанијата за развој на ракомет во Париз, со која претседавал поранешниот голман на клубот Бруно Мартини. Избраниците на Оливие Жиру продолжиле да се борат за пласман во најелитната француска ракометна лига. За своето враќање, парижаните го добија својот прв натпревар против Иври, и покрај отсуството на Кевин Ниокас, кој бил сериозно повреден една недела пред почетокот на сезоната 2010-2011, и завршиле на почесно 11-то место. Следната сезона, Париз избегнал испаѓање во последниот круг и завршил на 12. место во првенството[1].

И покрај финансиските тешкотии, што го загрозувале опстанок на екипата, клубот успеал да најде купувачи, со што избегнал да ја претрпи истата судбина како неколку француски клубови кои престанале да постојат. Во летото 2011 година, Франсоа Бертиер станал нов тренер на Париз[1].

ПСЖ (2012-денес) уреди

 
Прослава по победата во Купот на Франција.

На 4 јуни 2012 година, Qatar Investment Authority станал нов сопственик на клубот, и клубот го добил името Париз Сен-Жермен.

На 11 јуни 2012 година, поранешниот француски интернационалец Филип Гардент го напуштил клубот од Шамбери и потпишал двегодишен договор со ПСЖ на тренерската позиција.

После регрутирањето на меѓународни играчи, меѓу кои и тројца олимписки шампиони во 2012 година, французинот Дидје Динар, Лик Абало и Самуел Хонрубија, како и најдобриот играч на светот во 2011 година, победник на Европското првенство во 2012 година и најдобар стрелец во Лигата на шампионите 2011-2012 година, данецот Микел Хансен, ракометарскиот клуб Париз Сен-Жермен во сезоната 2012-2013 влегол со големи шампионски амбиции.

Од третото коло, парискиот клуб го зазел првото место во првенството по брилијантната победа против Монпелје (38-24), каде блескале париските ѕвезди, особено Микел Хансен (11 погодоци) и Марко Копљар (10 погодоци). Натпреварот се одиграл во исто време кога избил скандалот кај неколку играчи на Монпелје кои биле вклучени во сомнително обложување, и кои оствариле големи парични придобивки откако се обложиле на пораз за Монпелје за време на претходната сезона. По овој случај на лажирани облози, Париз Сен-Жермен решил да ги суспендира Самуел Хонрубија и Младен Божиновиќ[2], двајцата обвинети, на два натпревари. Ова не го спречило парискиот клуб повторно да импресионира на 4 октомври 2012 година, победувајќи го Сен-Рафаел со резултат од 35:29, откако забележително воделе со 12 гола на полувремето. Клубот останал на врвот на првенството со 4 победи од 4 одиграни натпревари.

Сезоната продолжила во најдобар ред за ПСЖ, кој по 10 кола запишал 10 победи на 10 одиграни натпревари и победил на две последователни дерби натпревари против Кретеј (30-28) и Иври (27-22). Единствената сенка на табелата на одличниот почеток на сезоната на клубот бил октомврискиот пораз на домашен терен против ХБЦ Нант (37-35 по дополнителното време) во четвртфиналето на Лига Купот. На 13 декември 2012 година, против истиот клуб бил претставен новиот дрес на играчите, на кој за првпат се појавило името на еден од новите спонзори, GFI Informatique[3]. Првиот пораз во првенството се случил на 14 март 2013 година, повторно против ХБЦ Нант, кој ја понел својата втора победа сезонава против клубот. На 27 април 2013 година, Париз Сен-Жермен станал за првпат шампион на Франција во ракомет, иако имало уште кола за доигрување на сезоната, а ПСЖ имал недостижни 9 бодови предност пред петкратниот носител на титулата Монпелје. Сепак, на 25 мај 2013 година, ПСЖ бил поразен во финалето од Купот на Франција против Монпелје, губејќи го натпреварот со резултат од 35-28. Конечно, на 6 јуни, ПСЖ ја завршил својата сезона, со победа против Тремблеј (36-34). Динар се повлекол од играчката кариера и бил ставен во центарот на вниманието истата вечер.

Во сезоната 2013-2014, Париз Сен-Жермен го освоил Купот на Франција, но завршил како второпласиран во лигата после РК Динкерк. Во следната сезона во купот ПСЖ бил елиминиран во четвртфиналето од страна на Нант, а успеал да го освои првенството. ПСЖ француското првенство го освоил со 23 победи и само три порази. Истата година победил и во Суперкупот на Франција. Во Лигата на шампионите екипата не успеала да се пласира на завршниот ФајналФор турнир, бидејќи бил елиминиран од Веспрем. Во сезоната 2015-2016 година, клубот станал шампион на Франција, а во Лигата на шампионите завршил на третото место.

Одликувања уреди

Национални титули уреди

Клубот има свои рекорди шест титули шампион на Франција стекнати во 2013 година и од 2015 до 2019 година, четири освоени француски купови во 2007, 2014, 2015 и 2018 година, три последователни лига купови од 2017 до 2019 година како и четири трофеи во 2014, 2015, 2016 и 2019 година. Вице-шампион на Франција во 1996, 2005 и 2014 година, тој исто така се натпреварувал во седум други финалиња, сите изгубени во Монпелје: француските купови 2001, 2008, 2013 и 2016 и Лига во 2005, 2006 и 2016 година.

Национални натпреварувања Меѓународни натпреварувања

Преглед по сезони уреди

Детален преглед
Сезони Национални натпреварувања Меѓународни натпреварувања
Лига Место Куп на
Франција
Лига
Куп
Француска
лига
Европски
куп
Светски
куп
Спорт Аснијер
(1941-1985)
1984-1985 2-ра лига 14-то N.Q. / / N.Q. /
Париз-Расинг-Аснијер (1985-1989)
1985-1986 2-ра лига 2-ро[11] Куп / / N.Q. /
1986-1987 1-ва лига 9-то 1/16 финале / / N.Q. /
1987-1988 1-ва лига 7-мк / / / N.Q. /
1988-1989 1-ва лига 11-то N.Q. / / N.Q. /
ПСЖ-Аснијер (1989-1992)
1989-1990 2-ра лига / N.Q. / / N.Q. /
1990-1991 1-ва лига 6-то ?? / / N.Q. /
1991-1992 1-ва лига 6-то 1/2 финале / / N.Q. /
ПСЖ-Аснијер (1992-2002)
1992-1993 1-ва лига 6-то 1/4 финале / / N.Q. /
1993-1994 1-ва лига 5-то 1/8 финале / / КПК - 1/2 финале /
1994-1995 1-ва лига 4-то 1/2 финале / / N.Q. /
1995-1996 1-ва лига 2-ро 1/4 финале / / КПК - 1/8 финале /
1996-1997 1-ва лига 4-то 1/4 финале / / LDC - poules /
1997-1998 1-ва лига 5-то 1/2 финале / / КПК - 1/8 финале N.Q.
1998-1999 1-ва лига 6-то 1/2 финале / / N.Q. /
1999-2000 1-ва лига 4-то 1/2 финале / / N.Q. /
2000-2001 1-ва лига 4-то Финалист / / N.Q. /
2001-2002 1-ва лига 5-то 1/4 финале 1/4 финале / КПК - 4 /
РК Париз (2002-2012)
2002-2003 1-ва лига 4-то 1/4 финале 1/4 финале / КПК 2-ра фаза N.Q.
2003-2004 1-ва лига 4-то / 1/4 финале / ЕХФ Куп - 1/8 финале /
2004-2005 1-ва лига 2-ро 1/2 finale Финалист / ЕХФ Куп - 3-та фаза /
2005-2006 1-ва лига 3-то 1/4 финале Финалист / LDC - 1/8 финале /
2006-2007 1-ва лига 7-мо Победник 1/4 финале / ЕХФ Куп - 1/4 финале /
2007-2008 1-ва лига 9-то Финалист 1/4 финале / КПК 2007-2008|3 фаза} N.Q.
2008-2009 1-ва лига 13-то 1/8 финале 1/2 финале / КПК - 1/8 финале /
2009-2010 2-ра лига 1-во 1/2 финале N.Q. / N.Q. /
2010-2011 1-ва лига 11-то 1/16 финале 1/2 финале N.Q. N.Q. N.Q.
2011-2012 1-ва лига 12-то 1/4 финале 1/8 финале N.Q. N.Q. N.Q.
Париз Сен-Жермен (од 2012)
2012-2013 1-ва лига 1-во Финалист 1/4 финале N.Q. N.Q. N.Q.
2013-2014 1-ва лига 2-ро Победник 1/2 финале 3 LDC - 1/4 финале N.Q.
2014-2015 1-ва лига 1-во Победник 1/4 финале Победник LDC - 1/4 финале N.Q.
2015-2016 1-ва лига 1-во Финалист Финалист Победник 3-то место N.Q.
2016-2017 1-ва лига 1-во 1/8 финале Победник Победник LDC - Финалист Финалист
2017-2018 1-ва лига 1-во Победник Победник Финалист 3-то N.Q.
2018-2019 1-ва лига 1-во} 1/4 финале Победник 4-то LDC - 1/4 финале N.Q.
2019-2020 1-ва лига во тек во тек во тек Победник LDC - во тек N.Q.

Играчи уреди

Моментален состав уреди

За сезоната 2019-2020.[12]

Голмани
Леви крила
Десни крила
Пикери

Леви бекови
Средни бекови
Десни бекови

Персонал и управување уреди

Податоци за сезона 2019–20 .[12][13]
 
Насер ел-Хелаифи
Позиција Име
Претседател   Насер ел-Хелаифи
Генерален менаџер   Жан Клод Блан
Главен тренер   Раул Гонсалес
Помошен тренер   Јота Гонсалес

Претседатели уреди

Број Претседател Париз Сен-Жермен Титули
1   Кристијан Пикард 1941–1975
2   Жерард Пикард 1975–2003 Втора лига (2)
3   Жан Клод Лемулт 2003–2009 Куп (1)
4   Жан-Пол Онилон 2009–2012
5   Насер ел-Хелаифи 2012– Прва лига (6)
Куп (3)
Лига куп (3)
Trophée des Champions (4)

Тренери уреди

 
Раул Гонсалес
Бр. Тренер Париз Сен-Жермен Одликувања
1   Патрис Канаје 1990–1994
2   Ристо Магдинчев 1994–1997
3   Николас Кошери 1997–2000
4   Боро Голиќ 2000–2003
5   Максим Спинсе 2003–2004
2011
6   Тијери Анти 2004–2008 Куп на Франција (1)
7   Оливје Гиро 2008–2011 Втора лига на Франција (1)
8   Франсоа Бертие 2011–2012
9   Гилип Гарден 2012–2015 Прва лига на Франција (2)
Куп на Франција (2)
Суперкуп на Франција (1)
10   Звонимир Сердарушиќ 2015–2018 Прва лига на Франција (2)
Лига куп на Франција (1)
Суперкуп на Франција (2)
11   Раул Гонсалес 2018–

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 „Histoire“. PSG Handball. Архивирано од изворникот на 15 јануари 2016. Посетено на 18 декември 2015.
  2. 20 Minutes : Le PSG Handball suspend Honrubia et Bojinovic pendant au moins Предлошка:Nombre
  3. Gfi Informatique, sponsor maillot du PARIS SAINT-GERMAIN Handball pour Предлошка:Nombre : un signal fort de la transformation du groupe
  4. Fédération française de handball (уред.). „Championnat de France : Palmarès“. Site officiel de la FFHB. Архивирано од изворникот на 2018-03-18. Посетено на 20/3/2018. Укажано повеќе од еден |accessdate= и |access-date= (help); Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help); Надворешна врска во |website= (help)
  5. Fédération française de handball (уред.). „Coupe de France : Palmarès“. Site officiel de la FFHB. Архивирано од изворникот на 2017-06-22. Посетено на 20/3/2018. Укажано повеќе од еден |accessdate= и |access-date= (help); Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help); Надворешна врска во |website= (help)
  6. Ligue nationale de handball (уред.). „Coupe de la Ligue : Palmarès“. Site officiel de la LNH. Посетено на 20/3/2018. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help); Надворешна врска во |website= (help)
  7. Ligue nationale de handball (уред.). „Суперкуп - Palmarès“. Site officiel de la LNH. Посетено на 20/3/2018. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help); Надворешна врска во |website= (help)[мртва врска]
  8. Fédération française de handball (уред.). „Втора лига  : Palmarès“. Site officiel de la FFHB. Посетено на 20/3/2018. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help); Надворешна врска во |website= (help)[мртва врска]
  9. „Лига на шампиони - Historique“. Site officiel de la Лига на шампиони. Посетено на 20/3/2018. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help); Надворешна врска во |website= (help)
  10. Fédération européenne de handball (уред.). „Coupe des Villes 1993-1994 – Résultats des demi-finales“. Site officiel de l'EHF. Архивирано од изворникот на 2019-12-26. Посетено на 20/3/2018. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help); Надворешна врска во |website= (help)
  11. „Palmarès de l'Asnières HBC“. les-sports.info. Посетено на 26 декември 2016. Надворешна врска во |website= (help)
  12. 12,0 12,1 „Joueurs & staff“. LNH. Посетено на 18 September 2019.
  13. „Le Paris Handball aux mains du Qatar, c'est fait“. RTL.fr. 4 June 2012. Архивирано од изворникот на 2019-12-26. Посетено на 18 September 2019.

Надворешни врски уреди