Пустина на љубовта

Пустина на љубовта (француски: Le Désert de l'amour) — роман на францускиот писател Франсоа Шарл Моријак од 1925 година.

Осврт кон романот уреди

„Пустина на љубовта“ е романескно истражување на љубомората и несоодветно остварената љубов во која страдаат тројца луѓе. Во него, Моријак покажува длабоко познавање на човечката психа. Ликовите во делото меѓу себе создаваат ситуација во која секој погрешно го разбира оној кој го сака. Тие дејствуваат според своите впечатоци за другиот, а постојано прават погрешни процени. Резултатот од таквото однесување е трагичен: љубовта го ограничува ликовите, ги соочува со пустината во себе и со пустината во другиот. Текстот зрачи со одредено студенило, а интензитетот на расчекорот кај протагонистите предизвикува клаустрофобично чувство.[1]

Наводи уреди

  1. Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 12.