Пршутијада е традиционален, гастрономски, туристички, натпреварувачки саем на сувомеснати производи, кој се одржува секоја година во јануари во селото Мачкат, помеѓу Ужице и Златибор. Оваа манифестација се одржува од 2001 година.[1] На саемот се избираат најдобрите српски сувомеснати производи, каде централниот производ е пршута, а околу 20 производители ги претставуваат ужичкото говедскa, свинска и овча пршута, сланината, стељата и колбасита.[2]

Технологијата за производство на ужичка пршута или златиборска пршута не е променета стотици години. Мачкат се наоѓа на идеална надморска височина за сушење на пршута, од 700 метри, измешана е средоземната и континенталната клима и на оваа подрачје се наоѓа „роза на ветровите“ (српски јазик:„ружа ветрова“).

Наводи

уреди
  1. „Сајт "Златибор".
  2. „Блиц о пршутијади“.