Пршева Река
Пршева Река (или Пршово) — река во источна Македонија која извира и тече на планината Серта и низ селото Лубница во пределот Лакавичко во Радовишко.
Пршева Река | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Трска, Крива Лакавица |
Особености на сливот |
Течение
уредиИзвира на планината Серта во месноста Преслап на 840 метри и од таму тече во многу стрмен и длабок дол наречен Пршово, според кој во горното течение го носи и името Пршово, каде собира повеќе помали притоки од малите засеци на долот под гребените Иглишово Трло, Слека и Медиково Гумно од кои реката е полноводна. Односно, реката ја формираат два потоци, кои потоа се прихрануваат со вода од уште 5 потоци, од нив 4 потоци се од левата, а еден е од десната страна[1]. Пршева Река во горниот тек (извор – село Лубница) има изградено стрмна долина, која има вкупен пад од 330 метри или на секои 100 метри во должина речното корито паѓа за 13,3 метри во височина[1]. Поради големиот пад и стрмнина во долот Пршово, непосредно пред селото Лубница, постојат два водопади од кои едниот е со височина од над 2,5 метри. Излегува во котлинското дно течејќи низ селото Лубница кое го дели на два дела и од каде во долното течение го носи името Пршева Река. Во полскиот рамничарски дел, ја прима својата десна приток Дрнавец и од таму се разводнува и го губи својот водостој и се влева во реката Трска, која е лева притока на Крива Лакавица, која пак е главниот водотек во целата област.
Лубнички слапови
уредиТокму на просторот на стрмниот планински дол на Пршово на Серта, се појавуаат серија на разиграни слапови и водопади, кои ги има во изобилство[1]. Од нив 5 слапови (водопади) се повисоки од 2 метри, од кои 3 се повисоки од 4 метри[1]. Водопадите се распоредини од 590 до 750 метри н.в[1]. Првиот водопад се наоѓа веднаш над селото Лубница, а покрај него поминува планинарска патека, која продолжува паралелно со водотекот Пршево сè до преминот „Преслап“[1]. Водопадот I претставува типичен водопад, каде што водата паѓа вертикално, истиот е висок 4 метри и е составен од 2 дела, секој од нив е висок по 2 метри[1]. Во долниот дел, водопадот има формирано мал вир или „џиновски лонец“[1]. Вториот водопад (слап) се наоѓа на околу 100 метри низводно од првиот, истиот е изграден од три слапови со вкупна височина од околу 5 метри[1]. Третиот слап се наоѓа на 300 метри низводно од вториот[1]. Овој систем е изграден од четири слапови и сите заедно го формираат највисокиот слап (слап III) на реката Пршева, кој има вкупна височина од околу 6 метри[1]. Водата кај третиот слап од овој систем на слапови (слап III) има речиси вертикален пад со височината од 2 метри и истиот има изградено „џиновски лонец“ или мал вир со кружна форма[1]. Четвртиот водопад или слап IV се наоѓа на 10 минути од третиот слап, овој слап има височина од околу 3 метри[1]. Петтиот слап од оваа група на високи слапови се наоѓа на левиот поток кој ја формира реката Пршева[1]. Овој слап е составен од два дела со вкупна височина од 2 метри[1]. Слаповите и водопади на Пршева Река се од привремен карактер, најмногу вода имаат во врнежливот период од годината, особено во текот на зимата и пролетта па сè до крајот на месец мај. Во текот на летото и почетокот на есента слаповите се без вода[1].
Галерија
уреди-
Горното течение на Пршово на Серта
-
Горното течение на Пршово на Серта
-
Горното течение на Пршово на Серта
-
Лубнички Водопад I
-
Лубнички Водопад II
-
Лубнички Водопад III
-
Лубнички Водопад IV