Во музиката противмелодијата е низа на ноти, сфатени како мелодија, напишана да се свири истовремено со поистакнатата водечка мелодија. Со други зборови, таа е второстепена мелодија свирена во контрапункт со првостепената мелодија. Противмелодијата има подредена улога и типично се слуша во текстура која се состои од мелодија плус придружба.

Првостепена и второстепена мелодија во баховата „Музичка жртва“ (BWV 1079)[1] Пушти

На маршевите, противмелодијата често им се дава на тромбоните или хорните. Композиторот од САД, Дејвид Волис Ривс е заслужен за оваа иновација во 1876 година.[2]

Поформалниот поим противпредмет се однесува на второстепена или подредена мелодиска идеја во фуга. Противмелодијата се разликува од хармонискиот дел што ја пее позадински пејач по тоа што во хармонискиот дел обично недостасува сопствена независна музичка линија, противмелодијата е посебна мелодиска линија.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Benward, Bruce, and Marilyn Nadine Saker (2009). Music in Theory and Practice Vol. 1, p.138. Seventh edition. Boston: McGraw-Hill. ISBN 978-0-07-310188-0.
  2. „U.S. Army Bands in History: Civilian Bands Replace Military Bands“. Архивирано од изворникот на 21 јули 2007.