Пролет (Ботичели)
Сандро Ботичели (1445-1510) ја насликал Пролет (италијански:“Primavera“), позната и како „Алегорија на пролетта “, насликана во рамките на циклусот митолошки слики за семејството Медичи, кои биле заинтересирани за “пагански” теми (на кои, меѓу другите, им припаѓа и „Раѓањето Венера“)). А мотивски е блиска до интересот кој во тоа време се обновува кон Платон и (неоплатонизмот) што довело до интерес за античките теми и основањето на Платоновата Академија во Фиренца 1469 ] год. Пролетта, заедно со Раѓањето на Венера, била планирана за Вила ди Кастело, а денес е сместена во Галеријата Уфици во Фиренца[1].
Творец | сандро Ботичели |
---|---|
Година | крајот на 1470-тите или почетокот на 1480-тите |
Димензии | 202 см × 314 см |
Место | Уфици Галерија, Фиренца |
На сликата е покажан овоштарник во кој дрвјата се распоредени во полукруг што формираат композициска рамката за низа фигури. Десно, Зефир богот на ветрот, кој ја држи Хлора, и ја оплодува со својот здив при што таа се претвора во флора и божица на пролетта. Во средината е Венера , додека над неа е нејзиниот син Купидон кој исфрла љубовни стрели. Лево, три Грции во нежен танц , а покрај нив е Меркур кој ги растерува облаците облаците со меч во раката.
Ботичели внел во оваа слика елеганција, лесен потез и богата симболика која во тоа време била блиска и до некои алхемиски принципи. Лирски, нежен, поетичен, ботичели отвора некои нови страници на сликарството со истакнати субјективни и интимистички моменти.[2].