Проектот Флорида (филм)

„Проектот Флорида“ (англиски: The Florida Project) — американски филм од 2017 година, во режија на Шон Бејкер (Sean Baker), кој е автор и на сценариото, заедно со Крис Бергоч (Chris Bergoch). Главните улоги ги толкуваат: Вилјем Дефо (Willem Dafoe), Бруклин Принс (Brooklynn Prince), Брија Винаите (Bria Vinaite), Кристофер Ривера (Christopher Rivera), Мела Мурдер (Mela Murder) и Валерија Кото (Valeria Cotto). Филмот, чиј наслов е инспириран од изворното име на забавниот парк Дизниленд, наишол на поволни критики, особено за режијата на Бејкер и за глумата на Принс и Дефо. Американското здружение на филмските критичари и Американскиот филмски институт го вброиле филмот меѓу десетте најдобри филмови на годината; Дефо бил номиниран за наградите „Оскар“, „Златен глобус“ и БАФТА за најдобра машка споредна улога, додека Принс ја освоила наградата на критичарите за најдобра млада глумица.[1]

Шон Бејкер

Синопсис уреди

Хејли (ја игра Винаите) е самохрана млада мајка која живее со шестгодишната ќерка Муни (ја игра Принс) во еден комплекс на алартмани во Флорида, во близината на Дизниленд. Таа е невработена и прима социјална помош, а заработува и така што препродава разни нешта. Одвреме-навреме, кога ќе остане без пари, таа дури и се проституира. Со комплексот управува менаџерот Боби, кој е заштитнички настроен кон Хејли и постојано се обидува да ѝ помогне. Муни го минува времето со нејзиите другарчиња: детето Скути (го игра Ривера) и девојчето Џенси (го игра Кото). Тие постојано прават разни неволји, но еден ден предизвикуваат пожар во една напуштена зграда во околината. Тогаш, мајката на Скути, Ешли (ја игра Мурдер) дознава за инцидентот и му забранува да се дружи со Муни, а таа го прекинува дружењето со Хели. Хејли се обидува да го обнови пријателството со Ешли, но кога таа ја обвинува за проституцијата, Хејли сурово ја претепува. Меѓутоа, социјалната служба дознава за проституирањето на Хејли и доаѓа со полициска придружба и со налог за одземање на Муни. Кога сфаќа дека ќе биде одделена од мајка си, Муни бега кај Џенси, која пак ја поведува на прошетка во Дизниленд.

Наводи уреди