Продуктивност претставува мерка на способноста на производните фактори за создавање производи и услуги. На пример, продуктивност на трудот го покажува бројот или вредноста на производите по еден работник или по единица време (на пример, продуктивност на час).

Продуктивноста во светот

уреди

Според методологијата на ОЕЦД, продуктивноста на националните економии се мери така што БДП се дели со просечниот број работни часови на сите вработени во земјата, во текот на годината. Притоа, работното време ги опфаќа како работниците со полно така и оние со скратено работно време, со исклучок на годишните одмори и празниците. Според ОЕЦД, во 2015 година, најголема продуктивност имал Луксембург чии работници создавале 93,4 долари за еден работен час, а меѓу првите десет најпродуктивни земји биле: Ирска (87,3 долари), Норвешка (81,3 долари), Белгија (69,7 долари), САД (68,3 долари), Данска (67,6 долари), Франција (65,6 долари), Германија (65,5 долари), Холандија (65,4 долари) и Швајцарија (64,2 долaри). Најниска продуктивност меѓу земјите-членки на ОЕЦД имале: Мексико (20,3 долари), Русија (25,1 долар) и Чиле (25,9 долари).[1]

Продуктивноста во Македонија

уреди

Според податоците на Евростат, еден македонски работник за еден работен час создава само 42,9% од просечната додадена вредност во ЕУ.[2]

Наводи

уреди
  1. Мирче Јовановски, „продуктивноста - стара болка на македонската економија“, Економија и бизнис, година 20, број 244, ноември 2018, стр. 51.
  2. Мирче Јовановски, „продуктивноста - стара болка на македонската економија“, Економија и бизнис, година 20, број 244, ноември 2018, стр. 50-51.