„Пркосната делта“ (српски: Пркосна делта) — југословенски филм од 1980 година во режија на Весна Љубиќ. Главните улоги ги играат: Иван Клеменц, Јадранка Матковиќ, Спасо Папац, Горица Поповиќ, Анте Вицан, Саша Селениќ, Боро Беговиќ.[1]

Синопсис

уреди

Во филмот се опишува состојбата во едно сиромашно мало место во Херцеговина, на делтата на Неретва, кон крајот на 18 век. Селото страда од честите поплави, како и разни војски кои минуваат низ него. Една жена е убедена дека проблемот со поплавите може да се реши со пробивање тунел низ кој вишокот на водата би се пренесувал во морето. Додека војските минуваат низ местото, традицијата полека изумира...

Наводи

уреди