Preply

(Пренасочено од Приплај)

Preply или Приплај е меѓународно претпријатие за обука и едукација со седиште во Брајтон, Масачусетс, што нуди можност за поврзување на ментори со ученици, независно дали локално (лично) или на дистанца (преку Скајп). Платформата преку која се спроведува поврзувањето – preply.com – користи алгоритам за класификација и препорачување на посоодветни тутори.[1]

Preply
OснованаБрајтон, Масачусетс (2012 (2012))
Основач(и)Сергеј Лукјанов, Кирил Бигај, Дмитро Волошин
СедиштеБрајтон, САД
ДејностОбразовни услуги
УслугиМенторирање
Вработени50 (2017)
Порталpreply.com

ИсторијаУреди

На инаутуративната IDCEE конференција за интернет технологии и иновации, Приплај е прогласена за една од најнадежните стартап компании во Украина.[2] Веднаш потоа, стартапот e повлечен од инкубаторот Истлабс, па по почетна инвестиција од $175.000,[3] ја лансира интернет-страницата preply.com во ноември 2012.[4] Основана од Сергеј Лукјанов, Дмитро Волошин и Кирил Бигај – нејзиниот моментен директор[5] – компанијата првично ги освојува украинскиот, рускиот, белорускиот и казахстанскиот пазар, пред да се прошири на полскиот[3] и да добие уште еден грант од $120.000 преку берлинската подружница на TechStars.[6] На почетокот од 2016 година, влегува и на бразилскиот пазар.[7] Откако добива уште еден грант во вредност од 1,3 милиони долари во јуни 2016, Приплај објавува план да се прошири и на уште три пазари: Велика Британија, Германија и Шпанија.[1]

УслугиУреди

Според една статија од февруари 2017 година, на preply.com се регистрирани над 47.000 ментори, кои нудат помош за 40 различни предмети, 27 од кои се исто толку светски јазици.[8] До јули 2017 година, според интерните статистики на самата компанија, речиси 100.000 ученици успешно нашле ментор користејќи ја платформата.[9] Се проценува дека менторите одржуваат околу 30.000 часа месечно за цена што варира меѓу $2 (минимум) и $100.[8]

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 Lomas, Natasha (7 јуни 2016). „Preply pulls in $1.3M to expand its tutoring marketplace in Europe“ [Приплај повлече $1,3 милиони со цел да го прошири пазарот на тутори низ Европа] (англиски). TechCrunch. Посетено на 19 јули 2017.
  2. „Большие надежды. ТОП-30 стартапов украинского интернета“ [Најголемите надежи. Топ 30 украински интернет стартапи] (украински). 19 октомври 2012. Посетено на 19 јули 2017.
  3. 3,0 3,1 „Ukrainian online tutoring platform Preply enters Polish market“. Ukraine Digital News. 2 февруари 2015. Посетено на 19 јули 2017.
  4. Pashkovskaya, Elena (18 април 2013). „Connecting language tutors and students via Skype“ [Поврзување на јазични ментори и ученици преку Скајп] (англиски). Kyiv Post. Посетено на 18 јули 2017.
  5. „Preply.com“. CrunchBase. Посетено на 19 јули 2017.
  6. Яровая, Майя (9 февруари 2017). „Украинский стартап Preply попал в TechStars, получил $120 000 инвестиций и уезжает в Берлин“ [Украинскиот стартап Preply се појави на TechStars, доби инвестиција од $120,000 и си замина за Берлин] (украински). Ain. Посетено на 19 јули 2017.
  7. Krasnikov, Denys (28 January 2016). „Ukrainian online tutoring platform enters Brazilian market“ [Украинска интернет платформа за менторирање влегува на бразилскиот пазар] (англиски). Kyiv Post. Посетено на 18 July 2017.
  8. 8,0 8,1 „Preply, plateforme d'amélioration continue pour le tutorat et les études en ligne, arrive en France“ [Preply, платформа за продолжен развиток, менторство и интернет учење, пристигнува во Франција] (француски). EuropaWire. 9 февруари 2017. Посетено на 18 јули 2017.
  9. „Preply.com“. Посетено на 18 јули 2017.

Надворешни врскиУреди