Приказни од Лимбус (книга)

Приказни од Лимбус, книга раскази од Тодор Јовчевски, објавена во издавачка куќа „Штрк“ од Скопје во 1994 година.

Содржина уреди

Книгата „Приказни од Лимбус“ содржи 58 кратки раскази[1] кои меѓу себе не се формално поврзани, но ја чинат целовитоста на книгата.

Зборот „Лимбус“ означува дел од Рајот, некаков џеп, во кого се сместени душите на мртвите деца. Тие се раскажувачите на приказните. Но, во овој „Лимбус“ не се сместени душите на децата, туку на оние возрасни и зрели луѓе кои никогаш не пораснале и останале деца во душата. Разумот на возрасниот и чистотата на детската душа можат да ја создадат таа иронија за сиромаштијата, духовната беда, евтините љубови, потрагата по загубениот идентитет, соочувањето со човечкото уништување, стравот од непознатото и уште поголемиот страв од познатото. Ова е книга за луѓето кои се оставени во своето сивило, горчливото чувство на немоќ и апатија нешто да променат, луѓе кои се држат за сопствените вредности, во кои истовремено се сомневаат, без можност нешто да променат, без можност да избегаат од својата тескобност.


Единствен спас од тескобноста е кога се веќе мртви и од нив е останата единствено душата, да излезат од пукнатините на земјата, исклучиво во една ноќ кога е полна месечина и во својот непречен и слободен лет да ја почувствуваат среќата, слободата и ширината на небото. Тогаш како бели пеперутки, (затоа што според некои верувања душата се претвора во бела пеперутка) можат да ја искажат својата индивидуалност, но и колективната припадност кога излегуваат и влегуваат низ пукнатините на земјата, за да се вратат во сигурноста на лимбусот од кого едвај чекале да излезат.

Интересно е дека во оваа книга нема имиња, презимиња, нема ни прекари или иницијали. Зошто би имала? Смртта не е заинтересирана за тоа, пред неа сите се исти. Таа е рамнодушна за класните разлики, паметните книги кои се напишани, сите соништа и љубови, сите бомби и бајонети. Сепак, би требало да сме благодарни ако ни дозволи да земеме со себе некој спомен, да раскажеме уште некој приказна од „Лимбус“.

Наводи уреди

  1. Приказни од Лимбус, Тодор Јивчевски, Штрк, Скопје, 1994.