Претседателски избори во САД, 2008 — 56. по ред претседателски избори во САД. Се одржале на 4 ноември 2008 година. Кандидатот за претседател од редовите на Демократската партија Барак Обама го победил републиканскиот кандидат Џон Мекејн. Барак Обама станал првиот Афроамериканец кој бил избран за претседател на САД, додека Џо Бајден станал првиот католички потпретседател на САД.

Претседателски избори во САД, 2008
САД
2004 ←
4 ноември 2008 → 2012

538 изборни гласови на Изборен колегиум
270 изборни гласови гласови за победа
Излезност 58.2%[1] 1.5%
 
Кандидат Барак Обама Џон Мекејн
Партија Демократска партија Републиканска партија
Матична држава Илиноис Аризона
Потпред. кандидат Џо Бајден Сара Пејлин
Изборнички гласови 365 173
Застапувани држави 28
(+ фед. округ Колумбија и вториот конгрсен дистрикт во Небраска)
22
Добиени гласови 69,498,516 59,948,323
Удел 52.9% 45.7%

Мапа на изборните резултати по сојузна држава. Сината боја ги означува сојузните држави во кои победил Обама, а црвената ги означува сојузните држави каде што победил Мекејн. Бројките ги прикажуваат избирачките гласови распределени на победникот во секоја сојузна држава.

претседател пред изборите

Џорџ В. Буш
Републиканска партија

Избран за претседател

Барак Обама
Демократска партија

Обама со голема предност ги освоил овие избори, како на народното гласање така и на Изборен колегиум, односно 365 изборни гласови наспроти 173 за Мекејн. Обама исто така освоил најголем процент на народното гласање како кандидат на демократите од времето на Линдон Б. Џонсон во 1964. Успехот на Обама како кандидат кој бил номиниран за кандидат за претседател од страна на голема партија како и неговата победа на изборите бил голем достиг за афроамериканското општество во САД. Иако Хилари Клинтон не успеала да ја освои демократската номинација, таа сепак станала првата жена во историјата на САД која победила во некоја сојузна држава на меѓупартиски избори, односно во Њу Хемпшир на 8 јануари. Таа во 2016 ја освои номинацијата од страна на демократите како демократски кандидат за претседател но не успеала да победи.[2][3][4][5] Таа исто така станала прва жена која како американски претседателски кандидат се натпреварувала на меѓупартиските избори во секоја сојузна држава. Слично на ова, Сара Пејлин стана првата жена која се најде на републиканската кандидатска листа, и втората жена што се нашла на кандидатска листа воопшто (по Џералдин Фераро во 1984).

Обама освоил 69,5 милиони гласови што претставува најголемиот број на добиени гласови кој ги добил претседателски кандидат воопшто. Вкупниот број на гласови односно 131 милион претсавувале 43% од вкупното население на САД, втор најголем одзив на американски претседателски избоди, веднаш по оние во 2016.[6][7] Ова исто така биле првите избори каде што ниеден од кандидатите за претседател не е роден во Континенталните Соединети Држави. Обама е роден на Хаваите а Мекејн во базата Коко Соло во Панамскиот Канал додека Панамскиот Канал бил територија на САД.

Номинации и кандидати

уреди

Во САД преовладуваат две политички партии, демократската и републиканската. Исто така има повеќе помали партии, најчесто нарекувани трети партии, иако повеќето медиуми го ставаат фокусот на двете најголеми.

Секоја голема партија организира меѓупартиски избори со цел да се избере кандидатот за претседател на таа партија. Процесот на номинација се состои од меѓупартиски избори во 50 сојузни држави како и Гуам, Порторико, Вашингтон, Американски Девствени Острови, Американска Самоа и Северни Маријански Острови. Победникот во меѓупартиските избори во секоја сојузна држава освојува делегати кои се пропорционално распределени според процентот на народното гласање кој го добил секој од кандидатите. Во Демократската партија, истакнатите членови се познати како суперделегати кои имаат еден глас на конвенцијата. Кој од кандидатите добива мнозинство од гласовите на партиската конвенција крајот на меѓупартиските избори е прогласен за најверојатен кандидат сè до моментот кога тој или таа не е формално номиниран/а од неговата или нејзината политичка партија.

Демократска партија

уреди
 
Кандидати на Демократската партија
Барак Обама Џо Бајден
за претседател за потпретседател
 
 
Сенатор од Илиноис
(2005–2008)
Сенатор од Делавер
(1973–2009)

Кандидати кои се повлекле

уреди

Републиканска партија

уреди
 
Републиканска партија
Кандидати на Републиканската партија
Џон Мекејн Сара Пејлин
за претседател за потпретседател
 
 
Сенатор од Аризона
(1987–в.д.)
9.
гувернер на Алјаска
(2006–2009)
Лого на кампањата
 

Кандидати кои се повлекле

уреди

Резултати

уреди
 
Картограм на кој се прикажани изборните гласови за претседателските избори во 2008. Секој квадрат претставува еден изборен глас. Мапата го покажува влијанието врз победата кое го имаат таканаречените „измешани држави“ (англиски: swing states. Небраска е една од двете држави каде што методот на добивање на изборни гласови не е „победникот освојува се“ (англиски: winner-take-all). За првпат по системот на поделба на тамошните изборни гласови, 2. конгресен дистрикт во Небраска го избрал Обама со тоа освојувајќи еден изборен глас во таа сојузна држава.
Кандидат Изборни гласови % Бр. на добиени гласови %
Барак Обама 365 67,8 % 69.498.516 52,93 %
Џон Мекејн 173 32,2 % 59.948.323 45,65 %
Ралф Нејдер 0 0 % 739.034 0,56 %
Боб Бар 0 0 % 523.715 0,40 %
Чак Болдвин 0 0 % 199.750 0,15 %
Синтија Мекини 0 0 % 161.797 0,12 %
Останати 0 0 % 242.685 0,18 %
Вкупно 538 100 % 131.313.820 100 %
Народно гласање
Обама
  
52,93 %
Мекејн
  
45,65 %
Нејдер
  
0,56 %
Бар
  
0,40 %
Балдуин
  
0,15 %
Мекини
  
0,12 %
Останати
  
0,18 %
Изборни гласови
Обама
  
67,84 %
Мекејн
  
32,16 %

Наводи

уреди
  1. „Voter Turnout in Presidential Elections“. Presidency.ucsb.edu. Посетено на 2016-08-18.
  2. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на December 16, 2014. Посетено на March 14, 2015.
  3. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на April 30, 2009. Посетено на May 31, 2015.
  4. Sullivan, Ronald (June 7, 1972). „Dakotan Beats Humphrey By a Big Margin in Jersey“. The New York Times. стр. 1.
  5. „Sanford Is Withdrawing From N.J.“. The Times-News. Hendersonville, North Carolina. Associated Press. May 13, 1972. стр. 12.
  6. „U.S. and World Population Clock“. U.S. Census Bureau. Посетено на 10 February 2015.
  7. „2008 Presidential General Election Results“. U.S. Election Atlas. Посетено на 10 February 2015.