Преобразба (расказ)

Преобразба (германски: Die Verwandlung) — расказ на Франц Кафка, првпат објавена во 1915 година.

СодржинаУреди

Во книгата се опишува необичната судбина на трговскиот патник Грегор Самса, кој едно утро се буди претворен во џиновски инсект. Тој седи затворен во својата соба и нема храброст да се покаже пред своите блиски, но подоцна, неговиет родители и сестра му ја откриваат неговата состојба. Така, тој е принуден да живее сам во својата соба, а родителите постепено го запоставуваат и најпосле, тој умира, осамен и напуштен од сите.

Изданија на македонски јазикУреди

Во 2007 година, расказот бил објавен од издавачката куќа „Темплум“, како 59. книга од едицијата „Магма“, а во рамките на збирката „Преобразба и други раскази“.[1] Подоцна, истата издавачка куќа го објавила расказот самостојно, како 70. книга од едицијата „Магма“.

НаводиУреди

  1. Франц Кафка, Преобразба и други раскази, Темплум, Скопје, 2007.