Прв судар на сателити над Земјата
Првиот судар на сателити над Земјата се случил на 10.2.2009 кога американскиот комуникациски сателит „Иридиум 33“ се судрил со руски воен комуникациски сателит „Космос 2251“. Сударот се случил во 16:56 УТЦ на висина од 776 км над Тајмирскиот полуостров во Сибир.[1][2] Се проценува дека брзината на сударот била околу 11,6 км/s (41.760 км/ч).
При судирот и распадот на сателитите, се одвоиле неколку поголеми делови кои, според НАСА, не претставуваат закана за останатите вештачки вселенски објекти во орбитата.[3][4] Од друга страна, кинеските научници сметаат дека распаднатите делови може да ги оштетат нивните сончево-синхрони сателити.[5]
Американскиот сателит бил лансиран во орбитата во 1997 година и, како дел од мрежа од 66 сателити, служел за пренос на сателитска мобилна телефонија. Рускиот сателит бил лансиран во 1993 година, а престанал да функционира 2 години подоцна.
Наводи
уреди- ↑ Jonathan McDowell. „Orbital Stop Press“. Посетено на 2009-02-12.
- ↑ „U.S. Satellite Destroyed in Space Collision“. Space.com.
- ↑ Dunn, Marcia (12 февруари 2009). „Big satellites collide 500 miles over Siberia“. The Associated Press. Архивирано од изворникот 2009-02-15. Посетено на 2009-02-15.
- ↑ „Russian and US satellites collide“. BBC. 2009-02-12. Посетено на 2009-02-12.
- ↑ „China alert on U.S.-Russian satellite collision“. Xinhua. 2009.