Праксидика (месечина)
Праксидика — познат и како Јупитер XXVII — повратна неправилна месечина на Јупитер. Бил откриен од тим на астрономи од Универзитетот во Хаваи, предводен од Скот С. Шепард во 2000,[1][2] со привремена ознака S/2000 J 7.
Откривање | |
---|---|
Откривач | Скот Шепард |
Откриено | 15 јануари 2001 |
Ознаки | |
Јупитер XXVII | |
Орбитални особености | |
Месечина на | Јупитер |
Праксидика кружи околу Јупитер, на просечна оддалеченост од 20,824 Мм во 613.904 дена на наклон од 144° на еклиптиката (143° до екваторот на Јупитер), во повратна насока и со занесување од 0.1840.
Месечината била именувана во август 2003 година, по Праксидика,[3], грчката божица на казната.
Праксидика припаѓа на Ананке групата и се верува дека е остаток при распад на хелиоцентричен астероид.[4][5] Со проценет пречник од 7 км, Праксидика е вториот најголем член на групата, после Ананке (претпоставено албедо од 0.04).[6]
Месечината се појавува во сива боја (боен показател B-V=0.77, R-V= 0.34) што е типично за C-тип астероиди.[7]
Наводи
уреди- ↑ IAUC 7555: Satellites of Jupiter January 5, 2001 (discovery)
- ↑ MPEC 2001-A29: S/2000 J 7, S/2000 J 8, S/2000 J 9, S/2000 J 10, S/2000 J 11 January 15, 2001 (discovery and ephemeris)
- ↑ IAUC 7998: Satellites of Jupiter 2002 October 22 (naming the moon)
- ↑ Sheppard, S. S., Jewitt, D. C.; An Abundant Population of Small Irregular Satellites Around Jupiter, Nature, Vol. 423 (May 2003), pp. 261-263
- ↑ Nesvorný, D.; Alvarellos, J. L. A.; Dones, L.; and Levison, H. F.; Orbital and Collisional Evolution of the Irregular Satellites Архивирано на 15 април 2020 г., The Astronomical Journal, Vol. 126 (2003), pp. 398–429
- ↑ Sheppard, S. S.; Jewitt, D. C.; Porco, C.; Jupiter's Outer Satellites and Trojans, in Jupiter: The Planet, Satellites and Magnetosphere, edited by Fran Bagenal, Timothy E. Dowling, and William B. McKinnon, Cambridge Planetary Science, Vol. 1, Cambridge, UK: Cambridge University Press, ISBN 0-521-81808-7, 2004, pp. 263-280
- ↑ Grav, T.; Holman, M. J.; Gladman, B. J.; Aksnes, K.; Photometric Survey of the Irregular Satellites, Icarus, Vol. 166 (2003), pp. 33-45