Правдата на срцето

Правдата на срцето е американски филм од 1996 година, во режија на Били Боб Торнтон, кој е автор на сценариото и ја игра главната улога. Филмот е добитник на наградата „Оскар“ за најдобро адаптирано сценарио.

Содржина уреди

Карл Чајлдерс (го игра Торнтон) е ментално заостанат средовечен човек, кој се подготвува да излезе од душевната болница. Поголемиот дел од својот живот, Карл го поминал во билницата, каде го примиле уште на дванаесетгодишна возраст, кога крвнички ги убил мајка си и нејзиниот љубовник. Инаку, уште како мало дете, Карл бил злоставуван и заклучуван во подрумот од страна на татко му.

По толку години поминати во душевната болница, психијатрите проценуваат дека Карл повеќе не претставува закана за околината и дека нема проблеми да се вклопи во општеството. Сега, кога треба да излезе од болницата, тој се соочува со предизвиците на вистинскиот живот, како и со своите одамна потиснати трауми. Карл се враќа во своето родно место, се вработува во месарницата и се спријателува со момчето Френк, кое му станува добар пријател.[1][2][3]

Наводи уреди

  1. „Потресно минато и враќање во реалноста“, Антена, број 852, 24.10.2014, стр. 3.
  2. Антена, број 853, 31.10.2014, стр. 15.
  3. „Правдата на срцето“, Антена, број 888, 3.7.2015, стр. 25.