Последниот пат кога го видов Париз

„Последниот пат кога го видов Париз“ (англиски: Last Time I Saw Paris) – американски филм од 1954 година, во режија на Ричард Брукс (Richard Brooks), кој е автор и на сценариото, заеднос со Џулиус Ј. Епстајн (Julius J. Epstein) и Филип Г. Епстајн (Philip G. Epstein). Главните улоги ги толкуваат: Елизабет Тејлор (Elizabeth Taylor), Ван Џонсон (Van Johnson), Волтер Пиџон (Walter Pidgeon), Дона Рид (Donna Reed), Ева Габор (Eva Gabor) и Курт Каснар (Kurt Kasznar).

Синопсис уреди

Репортерот Чарлс Вилс (го игра Џонсон) оди во Париз со цел да известува за крајот на Втората светска војна. По кратко додворување на Мерион (ја игра Рид), тој се заљубува во нејзината сестра, убавата Хелен Елсвирт (ја игра Тејлор) и набргу тие се венчаваат. Чарлс сака да стане писател, а во меѓувреме работи во новинска агенција. Пресвртот настапува кога една стара семејна инвестиција носи голема заработка и благодарение на неа семејството наеднаш се збогатува. Чарлс дава отказ од работата и почнува да води раскалашен живот, а Хелен почнува да флертува со млад и згоден тенисер. Еднаш, кога Чарлс ја затекнува сопругата во друштво со тенисерот, тој започнува тепачка со него, а потоа оди дома и ја заклучува вратата и не ја пушта Хелен да влезе. Принудена да остане надвор на дождот, Хелен се разболува и умира. Мерион успева да добие старателство врз Вики, ќерката на Чарлс и Хелен, а Чарлс заминува во САД. Неколку години подоцна, тој се откажува од алкохолизмот, се враќа во Париз и со тешка мака успева да ја убеди Мерион да му ја предаде Вики.[1]

Наводи уреди