Посланието на апостол Павле до Галатјаните е деветтата книга од Новиот завет, по Второто послание до Коринќаните.

Автор на посланието е апостол Павле, а тоа било пишувано во околу -тите години на 1 век. Авторот се обраќа кон жителите на Галатија, кои го примиле христијанството. Галатија била област во Централна Анадолија.

Оваа послание може да се опише како најстраствено. Апостол Павле изразува жалење поради тоа што Галатјаните, кои од него го примиле христијанството, бидејќи по неговото заминување паднале во голема заблуда, бидејќи се појавиле некои лажни мисионери, најверојатно Гностици, кои го омаложувале апостолот.

Дата уреди

Според некои истражувачи, ова послание е едно од најраните напишани од Павле. Според истите, тие веруваат дека Павле го напишал во времето кога тој бил во Антиохија, пред Апостолскиот собор во Ерусалим, и пред неговото мисионерско патување.[1] Според овој извор, годината на пишување на посланието би била околу 48 година. Според други извори, посланието било напишано во времето на третото мисионерско патување на апостол Петар. Писмата кои имаат општи теми со Галатјаните биле пишувани во третото патување.

Содржина уреди

Ова послание, иако нема строга структура, може да биде претставено преку следниот план:

  • Павловата заштита на неговото апостолство (глава 1 и 2)
  • Павловото разгледување на прашањата поврзани околу законот (3:1 - 5:12)
  • Павловото проповедање за животот на Духот (5:13 - 6:10)

Посланието започнува така што апостолот Павле се обраќа до верниците од Галатија да не се откажуваат од христијанството, наведени од активноста на лажните проповедници. Притоа, тој го наведува сопствениот пример, сведочејќи како од прогонувач на христијаните се претворил во неуморен проповедник на Евангелието меѓу незнабошците при што му се спротивставил на апостолот Петар во однос на прашањето за почитувањето на јудејските закони наспроти верата во Исус Христос и застанал во одбрана на необрезаните. Потоа, тој расправа за делата во согласност со Законот наспроти верата во Исус Христос, докажувајќи дека уште Авраам добил оправдание пред Бога поради верата, која е постара од Законот, и дека Законот бил даден поради гревовите на луѓето, додека со жртвата и воскресението на Христос, Законот се заменува со верата и тогаш се брише разликата меѓу Јудејците и другите народи, зашто сите се едно во Христа. Во таа смисла, апостолот тврди дека христијаните се наследници на Исак, законскиот син на Авраам и Сара. Во продолжение, апостолот ги повикува верниците да не се откажуваат од христијанството што го примиле од него, да не ги следат потребите на телото, туку оние на духот, да покажуваат меѓусебна љубов и помош, да прават само добри дела и да не се обрезуваат, туку да се држат до верата во Исус Христос.[2]

Цитати уреди

Но бидејќи знаеме дека човекот не се оправдува од делата на Законот, туку само преку верата на Исуса Христа, и ние поверувавме во Христа Исуса, за да се оправдаме од верата во Христа, а не од делата на Законот ; зашто од делата на Законот нема да се оправда ниту еден човек.
Христос нè ослободи за слободата. Според тоа, стојте цврсто и не потчинувајте му се пак на ропскиот јарем.
А јас сум далеку од тоа да се фалам со нешто друго, освен во крстот на нашиот Господ Исус Христос, преку Кого светот е распнат за мене и јас за светот! .

Наводи уреди

  1. W.M. Ramsay: The Teaching of Paul in Terms of the Present Day (London: Hodder and Stoughton, 1913), 383-403.
  2. „Новиот завет на нашиот Господ Исус Христос“, во: Свето писмо на Стариот и на новиот завет (трето издание). Свиндон: Британско и инострано библиско друштво, Скопје: Македонска книга, 1998, стр. 236-241.