Послание до Евреите

книга од Библијата
(Пренасочено од Послание до евреите)

Послението до Евреите е книга од Новиот завет.

Според некои истражувачи автор на ова посление е апостол Павле, но поголем број од нив пак сметаат дека посланието припаѓа на некој непознат христијански теолог. Според нив, ова послание во голема мера се разликува во стилот на пишување, за разлика од останатите посланија за кои се смета дека биле пишувани од страна на апостол Павле. Од текстот може да се заклучи дека авторот е маж и дека бил близок соработник на Тимотеј и дека истото било напишано во Италија.

Се смета дека ова послание било напишано во периодот меѓу 80 до 100 година.

Содржина

уреди

Посланието започнува со расправа за величината на Исус Христос, кој е поголем од ангелите, зашто тој седи десно од Бога и нему му се потчинети сите. Неговата величина се гледа во тоа што врз себе ги примил гревовите на сите луѓе и со својата смрт ја победил смртта и така го откупил спасението на луѓето. Поради тоа, Христос има поголема слава од Мојсеј и затоа луѓето треба да го следат и да на ја повторат грешката на предците кои за време на излегувањето од Египет се откажале од Бога поради што биле казнети. Апостолот повикува на верност кон Христос, тврдејќи дека тој е Првосвештеникот од кого треба да се бара благодат и милост. Христос е поголем првосвештеник од Арон и повисок од сите свештеници од Левиевото колено, зашто тој е еден и вечен свештеник кој не е поставен од луѓето туку од Бога. Христос е свештеник на новиот завет кој Бог го направил со луѓето и кој го заменува претходниот завет. Христос се принесол себеси како жртва за откуп на сите гревови на луѓето и таа жртва е поголема од секојдневниет жртви кои свештениците ги принесуваат во Скинијата. Оние кои нема да поверуваат во Христос нема да добијат простување на гревовите, зашто тој ќе им суди на луѓето на судниот ден, кога само верните ќе добијат спасение на душата и вечен живот. Во продолжение, апостолот пишува за моќта на верата, наведувајќи бројни примери од Стариот завет (Авел, Ное, Јаков, Авраам, Исак, Сара, Јосиф, Мојсеј итн.) кои имале силна вера, иако не го дочекале исполнувањето на божјиот завет. Угледувајќи се на нив, апостолот повикува на трпење на божјата казна и стрпливо чекање на ветената награда, а во тој поглед, Исус е посредникот во новиот завет на Бога. Понатаму, тој дава совети за живот исполнет со братска љубов, чист брак, некористољубивост, добри дела, милосрдност, избегнување на туѓите учења, послушност кон учителите на верата и прославување на Бога.[1]

Цитати

уреди
Бог, Кој од стари времиња, многупати и на многу начини, им зборуваше на нашите татковци преку пророците, во последниве денови ни зборуваше преку Синот
Преку вера разбираме дека вековите се создадени со Божјото слово, така што видливото произлегло од невидливото.
  1. „Новиот завет на нашиот Господ Исус Христос“, во: Свето писмо на Стариот и на новиот завет (трето издание). Свиндон: Британско и инострано библиско друштво, Скопје: Македонска книга, 1998, стр. 274-285.