Отвори го главното мени

Посилни од судбината

Посилни од Судбината е романтична мексиканска теленовела. Серијата е снимена во Мексико, во текот на 2005 година, со 130 епизоди. Серијата имаше добар успех во Мексико, иако тој успех не се повтори многу низ целиот свет. Оваа теленовела кај нас се емитуваше на А1 телевизија во утринските часови. Вистинскиот превод на оваа теленовела е Против Ветерот и Плимата.

Посилни од судбината
Жанрдрама, теленовела
УлогиМарлен Фавела
Себастијан Рули
Азела Робинсон
Адријана Фонсека
Алексис Ајала
Воведна тема"Contra Viento y Marea"
Земја на потеклоМексико
Првичен јазикШпански
Бр. на епизоди130
Продукција
Извршен продуцент(и)Никандо Диаз Гонзалес
МестоположбаСанта Роса дел Мар
Мексико Сити
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаКанал2
Првично прикажување9 мај 2005 – 18 ноември 2005
Хронологија
СледбеникЉубовна препрека (2005–2006)
Надворешни врски
Мрежна страницаesmas.com/contravientoymarea

СинопсисУреди

Наталија Риверо е млада девојка која доаѓа да живее со нејзината тетка Инес, но ќе се соочи со незгодниот чичко Аркадио, кој не сака да чува туѓо дете. Инес ја праќа Наталија во интернат каде останува десет години.По враќањето, таа ќе го привлече вниманието на Аркадио кој се обидува да ја силува и таа бега во јавна куќа, а во тоа и помага Валенте. Но, заради тоа ќе биде убиен, а Наталија дознава дека нејзината тетка е смртно болна и оди да ја посети. Во болницата ќе се сретне со човекот кој целосно ќе и го измени животот. За да ја заштити од Аркадио, Инес ја праќа да живее со Теодоро и неговата сопруга Аполонија, но од самиот старт, Наталија ќе увиди дека не е добредојдена во куќата. Во неа се вљубува Едуардо, братот на Себастијан, а во куќата треба да се досели и Алваро, синот на Теодоро од неговиот прв брак, што нема да ја израдува Аполонија. Но, Алваро е тореадор и загинува во арената, а неговата сестра Рехина решава да го земе неговиот идентитет за да му се одмазди на татко им. Аполонија е несреќна во бракот со Теодоро и утеха ќе најде во Едуардо, а Наталија ќе и стане главна ривалка и крие од него дека претходно имала врска со Валенте. Себастијан е млад бунтовник кој постојано се кара со неговиот брат Едуардо. Поради наместено убиство, тој ќе одлежи затворска казна и по излегувањето ќе се здружи со локалниот криминалец Саул Трехо со прекар Отров. Нивниот пат низ пустината ќе им донесе и една неочекувана средба. Смртта на братот на Отров, ќе предизвика омраза меѓу него и Себастијан. Освен со Отров, Себастијан ќе се соочи и со неговиот брат, откако обајцата ќе откријат дека се вљубени во иста жена, која и не знае дека тие се браќа.

УлогиУреди

Глумци Ликови
Марлен Фавела Наталија Риос
Себастијан Рули Себастијан Карденас
Азела Робинсон Аполонија Рудел Серано
Адријана Фонсека Сандра Серано Рудел
Алексис Ајала Рикардо Сандовал
Кика Едгар Рехина Кампос / Луна Гитана / Алваро
Ернесто Де Алесио Едуардо
Алберто Естрела Валенте Ортигоса / Франко Гаљардо

Посилни од Судбината на БалканотУреди

Македонија: А1 Телевизија
Србија: Пинк Телевизија
Хрватска:ХРТ
Словенија: ПОП ТВ
Бугарија: бТВ
Црна Гора: Пинк М

Надворешни врскиУреди