Портрет на селанец (Зографски)

Портрет на селанец – слика од Ѓорѓи Зографски. Сликата е масло на платно со димензии 6-х45 см, завршена во 1898 година. Во сопственост е на Националната галерија на Македонија во Скопје[1]

Портрет на селанец
Творец Ѓорѓи Зографски
Година 1898
Димензии 60 см × 45 см
Место Национална галерија на Македонија, Скопје

Ликот на старецот е претставен допојасно и фронтално на сивопепелеста заднина. Облечен е во темносин клашнен елек и бела кошула, а на главата носи волнена темнокафеава капа во форма на фес. Лицето е освежено со розикави нагласки.

Наводи уреди