Пончки
Пончки се полнети крофни кои се дел од полската кујна.
Со глазура | |
Вид | Крофна |
---|---|
Место на потекло | Полска |
Регион |
Опис
уредиПончек е пржено парче тесто обликувано во сплескана топка и исполнето со сладок фил. Пончките обично се покриени со шеќер во прав, глазура, или парчиња сушена кора од портокал. Пред да се готви во тестото се додава мало количество алкохол од жито, и како што испарува, спречува тестото да биде многу мрсно.[1] Пончките најчесто треба да се меки, со светла лента на средината околу нив, а овие карактеристики се гледаат како доказ дека тестото било пржено во свежо масло.[2][3]
Изгледаат како германските берлински крофни или како крофни од желе. Пончките се направени од особено богато тесто кое содржи јајца, масти, шеќер, квасец, а понекогаш и млеко. Џем од сливи и џем од шипка [1][4] се традиционални филови за овие крофни, но се користат и многу други, како џем од јагода, баварски крем, боровинка, крем, малина и јаболко.[5]
-
Пончки за продажба
-
Пончки или опонки
-
Домашни глазирани пончки
-
Пончки од американско производство
САД
уредиОвие крофни станале популарни во САД како резултат на полските имигранти и маркетингот од страна на пекарската индустрија. Се продаваат во пекари главно и на Марди Гра низ Детроит и Чикаго, и особено се популарни во областите каде што има голема концентрација на полски имигранти: Милвоки, Североцентрален и Југоисточен Висконсин, Чикаго, Северен Илиноис, Северозападна Индијана, Метро Детроит, Бафало, Рочестер, Кливленд, Филаделфија, Питсбург, Северен и Централен Њу Џерси, и други места.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Strybel, Robert; Strybel, Maria (2005). Polish Heritage Cookery. Hippocrene. стр. 270. ISBN 9780781811248.
- ↑ Karolinas. „Skąd wziął się Tłusty Czwartek? Skąd wziął się Tłusty Czwartek?“. Tipy.pl (полски). Grupa Interia.pl. Посетено на 2016-02-03.
- ↑ Anna Hudyka (2009-02-18). Magda Głowala-Habel (уред.). „Tłusty Czwartek“. Interia360.pl (полски). Grupa Interia.pl. Посетено на 2016-02-03.
- ↑ „Pączki? Hard to say, culinary Lenten treat made by nuns“. Catholic News Service. Архивирано од изворникот на February 28, 2014. Посетено на November 23, 2009.
- ↑ „Pazcki day- eat and celebrate“. City of Hamtramck. Архивирано од изворникот на March 15, 2008.
Надворешни врски
уреди- Ден на пончки PSA, во областа Детроит во 2008 година
- Видео Пончки произведено од Јавната телевизија Висконсин