Пол Фриц Медер (германски: Paul Fritz Maeder, 1923 година во Базел, Швајцарија - 30. јануари 1994 година Делреј Бич, Флорида, САД) беше швајцарско-американски инженер.[1] Тој беше експерт во областа на механиката на флуиди и е првиот професор кој изградил транс-соничен ветерен тунел во склоп на универзитет. Медер како член на управата на Брауновиот универзитет има оставено големо влијание на наставната филозофија на универзитетот позната под името Нов наставен план или Отворен наставен план. Оваа наставна филозофија се залага студентите да се архитекти на своето образование.[2]

Медер магистрира на Швајцарскиот федерален технолошки институт во Цирих, а потоа докторира на Брауновиот универзитет. Само три години по докторирањето постанува редовен професор на 31 година, а тоа го прави најмладиот редовен професор на универзитетот. Во текот на својата кариера раководи со лабораторијата за аеродинамика, добива бројни грантови и патенти и основа своја компанија за производство на неговите изуми. Медер придонесува до борбениот авион F-86 да може да ја сруши звучниот ѕид.

По шест години на чело на Дивизијата за инженерство, Медер се приклучува кон универзитетскиот ректорат како помошник проректор за академски прашања. Во тоа време универзитетот се соочува со бројни протести и демонстрации, а Медер успешно ја води првата советодавна група која вклучува студенти до постигнување на Новиот наставен план. По овој успех, Медер е назначен за проректор за финансии и администрација. Се пензионира во 1986 година.

Наводи уреди

  1. Maeder, P. F. (Paul Fritz). „Paul F. Maeder papers, 1970-1977“. search.library.brown.edu. Посетено на 2020-04-20.
  2. Leubsdorf, Ben (2005-03-02). „The New Curriculum Then“. Brown Daily Herald (англиски). Посетено на 2020-04-20.