Пол Вилијам Вокер IV (12 септември 1973 - 30 ноември 2013) бил американски глумец. Станал познат во 1999 г. по неговата улога во хит филмот Универзитетот Блуз. Познат бил и по улогата во изненадувачкиот летен хит Брзите и Бесните и оттогаш бил ѕвезда и во продолженијата, Премногу Брзи и Бесни, Брзи и Бесни, и неодамна објавениот Брзите Пет. Глуми и во други филмови, како Опасно Возење, Трчајќи Исплашен, Во Синилото и Осум Долу. Филмовите во коишто глумел имаат заработено повеќе од 1,1 милијарда долари. Вокер се појавувал и во сериите Експедиција Голема Белина на National Geographic.

Пол Вокер
Вокер во 2009 година на премиерата на филмот Брзни и бесни (Fast & Furious)
Роден(а)Пол Вилијам Вокер IV
септември 12, 1973(1973-09-12)
Глендејл, Калифорнија, САД
Починал(а)ноември 30, 2013(2013-11-30) (возр. 40)
Валенсија, Калифорнија, САД
Причина за смртсообраќајна несреќа
Занимањеглумец
Активен период1985–2013
Познат(а) поБрзни и бесни (Fast & Furious)
Деца1
Страница
paulwalker.com

Младост уреди

Вокер е роден во Глендел, Калифорнија и израснал во областа Сан Фернандо Валеј на Лос Анџелес, син на Шерил, модел, и Пол Вокер III, шивач. Неговиот дедо по татко бил професионален боксер. Тој бил најстар од петтемина, со двајца браќа и две сестри. Вокер растел како член на Св. Судниот-Ден на Црквата на Исус Христос, или Мормон, црква. Го посетувал тамошното христијанско училиште, каде што и дипломирал. По средното училиште, посетувал неколку општински колеџи каде што завршил за морска биологија.

Кариера уреди

Кариерата на Вокер пред малите екрани започнала како дете, појавувајќи се во реклама за Памперс. Започнал како модел на возраст од 2 години, и работел на телевизиски шоуа во 1985 г., со улоги во Автопат до Рајот, Кој е Шефот?, Млад и Немирен и Допрен од Ангел.

Филмската кариера на Вокер започнала во 1987 г. со хорор/комедијата Чудовиште во Плакарот. Тој и неговата сестра Ешли биле учесници во епизодата од 1988 г. од играното шоу Кажувам!, пласирајќи се на второ место. Вокер продолжил со улоги во неколку други филмови без многу успех. Тоа било така сè до 1998 г., кога Вокер го имал своето филмско деби во комедијата Запознајте ги Дидлови, којашто конечно му донесе слава. Тоа подоцна го довело до споредни улоги во филмовите Плезантвил, Универзитетот Блуз, Таа е Сето Тоа и Черепите.

Во 2001 г., стигна улогата која го проби кога се појави со Вин Дизел во успешниот акционен филм, Брзи и Бесни. Овој филм го призна Вокер како значајна филмска ѕвезда, главен човек и доведе до негова одмазда со улогата во продолжението од 2003 г., Премногу Брзи и Бесни. Ја продолжил својата кариера со главни улоги во филмови, како Опасно Возење, Во Синилото'' и Времеплов, а исто така имал и споредна улога во преработката на Клинт Иствуд од 2006 г., Знамињата на Нашите Татковци.

Вокер тогаш глумел и во криминалистичкиот трилер Трчајќи Исплашен и Eight Below на Волт Дизни Пикчрс, двата објавени во 2006 г. Филмот Eight Below стекна признанија, и го отворил првото место на кино благајните, заработувајќи преку 20 милиони долари за време на првиот викенд. За време на снимањето на Трчајќи Исплашен, режисерот Вејн Крамер изјавил дека “[Вокер] е тој дечко на некое ниво” кога го споредува Вокер со неговиот лик во филмот, Џои Газел. Крамер се надоврзал, изјавувајќи дека “обожава да работи со [Вокер] бидејќи како режисер тој целосно ја поддржува мојата визија за она што е филмот. А што е уште подобро, тој е целосна игра за него.”

Вокер глумел во независниот филм Проектот Лазарус, којшто бил објавен на ДВД на 21 октомври, 2008 г. Потоа се вратил на франшизата Брзите и Бесните, повторувајќи ја неговата улога во Брзи и Бесни, којшто бил објавен на 3 април, 2009 г.

Вокер се појавил со Ти.Ај, Идрис Елба, Крис Браун, Мет Дилан и Хајден Кристенсен во криминалистичката драма Муштерии, којашто започнала со снимање на почетокот на септември 2008 г. и била објавена во август 2010 г.

Брендот за Парфем Коти Престиж, Давидоф Студена Вода за Мажи, во јануари 2011 г. објавил дека Вокер ќе биде новото заштитно лице на брендот до јули 2011 г.

Вокер ја повторил уште еднаш улогата во петтиот дел од сериите на Брзите и Бесните, Брзите Пет.

Личен живот уреди

Вокер живеел во Санта Барбара, Калифорнија, со неговите кучиња, од кои едното е Chesapeake Bay Retriever. Пол и неговата тогашна девојка Ребека, имале бебе, неговата ќерка Мидоу (родена 1998 г.) живеела со нејзината мајка на Хаваи. Пол бил страстен сурфер и уживал на плажа. Поседувал виолетов појас во Бразилскo Џиу-Џицу под Парагон Џиуџицу. Бил свршен со Јасмин Пилкард-Госнел, со којашто почнал да се состанува кога таа имала шеснаесет, а тој триесет и две години.

Морската биологија била првата љубов на Вокер, со неговиот идол Жак Кусто, и тој се приклучил кон Одборот на Директори на Фондацијата Билфиш во 2006 г. Вокер неодамна го исполнил животниот сон глумејќи во сериите на Нешнл Џиогрефик Ченл, Експедиција Голема Белина, чијашто премиера била во јуни 2010 г. Тој поминал 11 дена како дел од екипата, фаќајќи и означувајќи 7 големи бели ајкули на брегот на Мексико. Експедицијата, предводена од Крис Фишер, основач и ЦЕО на Фишер Продакшнс, заедно со Капетан Бред МекБрајт и Д-р Мајкл Домаер од Научниот Институт за Морска Конзервација, зема мерки, собира ДНК примероци и ги забрзува во реално време сателитските ознаки до големите бели ајкули. Ова ќе му овозможи на Д-р Мајкл Домаер да ги проучи патувачките примероци, посебно оние кои се поврзани со парење и раѓање за период од преку 5 години.

Во март 2010 г., Вокер отишол во Чиле, поточно во Конститусион, да ја понуди својата помош и поддршка на луѓето повредени во земјотресот со јачина 8.8, кој ги погоди на 27 февруари. Вокер исто така одлетал и за Хаити со својот РИЧ АУТ тим, да пружи рака на жртвите од земјотресот во Хаити 2010 год. тој бил исто и страстен автомобилски ентузијаст, кој моментално се натпреварувал на Редлајн Тајм Етек тркачките серии, каде што се трка со Mazda RX-8 и е во АЕ Перформанс Тимот. Неговиот автомобил бил спонзориран од страна на Етнис, Брембо Брејкс, Охлинс, Фолк, ОС Гикен, Хенкок и Рич Аут Ворлдвајд.