Политбиро
Политбиро (/ˈpɒlɪtbjʊəroʊ/) или политичко биро е Извршниот комитет на комунистичките партии.[1] Таа е присутна во повеќето поранешни и постојни комунистички држави. Под Лав Троцки, политбирото е биро на Централниот комитет.
Имиња
уредиТерминот „политичко биро“ доаѓа од руското политичко биро (политбюро). Шпанскиот израз Politburó е директно позајмен од руски јазик, како и германскиот Politbüro. Кинески користи калке (кинески: 政治局), од каде што виетнамските (Bộ Chính trị "部政治") и корејските ( 정치국, 政治局 Jeongchiguk) термините произлегуваат.
Историја
уредиПрвото политичко биро било создадено во Русија од страна на Болшевичката партија во 1917 година за да обезбеди силно и континуирано водство за време на Руската револуција што се случила истата година.[2][3] Првото политичко биро имало седум члена: Ленин, Зиновиев, Каменев, Троцки, Сталин, Соколников и Бубнов.[4] Во текот на XX век, меѓу другите нации кои имале политичко биро биле СССР, Источна Германија, Авганистан, Чехословачка и Кина. Денес има пет земји кои имаат систем на политбиро: Кина, Северна Кореја, Лаос, Виетнам и Куба.[5]
Социјалистички/марксистичко-ленинистички држави
уредиВо марксистичко-ленинистичките држави, партијата се смета за авангарда на народот и од тука се легитимира да ја води државата. Во суштина, партиските функционери во политбирото, неформално, ја водат државата.
Официјално, Конгресот на партијата избира Централен комитет кој пак, го избира Политбирото и генералниот секретар во процес наречен демократски централизам. Политбирото теоретски одговара пред Централниот комитет.
Троцкистички партии
уредиВо троцкистичките партии, Политбирото е биро на Централниот комитет, задолжено да носи секојдневни политички одлуки, кои подоцна мора да бидат ратификувани од Централниот комитет. Тоа е назначено од Централниот комитет, од редот на неговите членови. Местото на генералниот секретар носи далеку помала тежина во овој модел. Погледнете ја на пример Партијата во Ланка Сама Самаја.
Поврзано
уреди- Политика во источниот блок
- Извршен комитет
- Оргабуро
- Политичко биро на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз
- Политичко биро на Комунистичката партија на Кина
- Политичко биро на Комунистичката партија на Куба
- Политичко биро на Комунистичката партија на Виетнам
- Политбиро на Комунистичката партија на Индија (марксист)
- Политбиро на Народната револуционерна партија на Лао
- Политичко биро на Партијата на трудот на Албанија
- Политбиро на Народната демократска партија на Авганистан
- Политбиро на Полската обединета работничка партија
- Политбиро на Работничката партија на Кореја
- Политичко биро на Централниот комитет на ФРЕЛИМО
- Политбиро на Африканскиот национален сојуз на Зимбабве - Патриотски фронт
- Президиум
Наводи
уреди- ↑ „Received 2012-02-02“. Merriam-webster.com. 2012-08-31. Посетено на 2014-06-16.
- ↑ „USSR: Communist Party: Politburo“. Archontology.org. Архивирано од изворникот на 2020-01-05. Посетено на 2014-06-16.
- ↑ Politburo (Soviet political body) – Encyclopædia Britannica. Посетено на 2014-06-16.
- ↑ Dmitri Volkogonov, Lenin. A New Biography, translated and edited by Harold Shukman (New York: The Free Press, 1994), p. 185.
- ↑ „A List of Current Communist Countries“. Geography.about.com. 2014-05-29. Посетено на 2014-06-16.