Поле со афиони – слика од Лазар Личеноски. Сликата е масло на платно, завршена во 1947 година со димензии 35 х 38 см и се наоѓа во Народниот музеј во Битола.

Поле со афиони
Творец Лазар Личеноски
Година 1947
Димензии 35 см × 38 см
Место Народен музеј, Битола

Опис уреди

На сликата „Поле со афиони“ е претставен пејзаж со афионови насади. Во предниот дел е претставена нива со зрели афионови растенија. Во долниот дел слободно се претставени лисјата и стебленцата – насликани со слободни и брзи потези, а на горниот дел многу цутови на афионовите растенија. И афионовите цветови се слободно насликани со брзи и енергични потези со четката. Во позадината се чувствува далечина на поле, кое завршува во подножјето на планината. Планината е од едниот крај на сликата до другиот, како што е и нивата со афионовиот насад. Небото е светло и го најавува раниот чист убав спокоен летен ден. Сликата е весела, полна со живот и воспевање на раскошот на природата.[1]

Наводи уреди