Покраини во Сао Томе и Принсипе
Покраините на Сао Томе и Принсипе се првостепената административна поделба на државата. Сао Томе и Принсипе се поделени на две покраини.

Покраини уреди
Сао Томе и Принсипе има само две покраини, и тоа:
- Сао Томе - главен град на оваа покраина е Сао Томе. Покраината го зафаќа островот Сао Томе и истата е дом на најголем дел од населението на државата. Проценките за 2004 година кажуваат дека во покраината живеат 133.600 жители од вкупните 139.000 жители во државата.
- Принсипе - главен град Санто Антонио. Покраината го зафаќа островот Принсипе со околните помали острови. Покраината има 142 км2 и проценето население од околу 5.400 жители.
Покраините се поделени на окрузи, од кои шест се во Сао Томе, а една во Принсипе.