Поетот во Њујорк (шпански: Poeta en Nueva York) — збирка песни на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.

Содржина уреди

Најпознати песни од збирката се:[1]

  • „Ода за кралот на Харлем“ (Oda al rey de Harlem)
  • „Напуштена црква“ (Iglesia abandonada)
  • „Зора“ (La aurora)
  • „Смрт“ (Muerte)
  • „Крик кон Рим“ (Grito hacia Roma)
  • „Оф!“ (Iay!)
  • „Изненадување“ (Sorpresa)
  • „Солеа“ (La solea)
  • Циклусот песни „Поетот пристига во Хавана“

Осврт кон делото уреди

Песните од збирката „Поетот во Њујорк“ претходно биле печатени во периодиката, но целата збирка била објавена дури по смртта на Лорка. Оваа збирка претставува излегување од типично шпанските теми. Неговиот престој во Њујорк означил соочување со Нов Свет исполнет со нови сознанија за противречностите на големиот град, за неговата дехуманизација, за социјалната изопаченост и сиромаштијата. Своето физичко и душевно соочување со Њујорк, Лорка во своите песни го изразил со сосема нов јазик во кој повеќе ги нема ритмите на длабоките песни и на романсите, туку тие претставуваат широк витменовски зафат во стварноста на САД. Песните се испеани со слободен стих кој час е разлеан час искршен, драматичен и целиот во надреалистичките слики што ја создаваат неговата фреска на гнасење, ужас и отпор. Неговата поранешна дискретно нагласена социјална нота во овие песни прераснува во нов, автентичен вид на ангажирана песна која некои критичари дури ја сметаат за највисокиот израз во неговото поетско творештво.[2]

Наводи уреди

  1. Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 109-127.
  2. Матеја Матевски, „Федерико Гарсија Лорка 1898 - 1936“, во: Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 160-161.