Поезија (Васко Попа, 1968)
„Поезија (избор)“ — книга со избор од поезијата на српскиот поет Васко Попа, објавена во 1968 година, како заедничко двојазично издание (македонски и српски јазик) на издавачките куќи Култура од Скопје и Нолит од Белград.
Содржина
уредиКнигата содржи 46 песни распоредени во шест циклуси, поговор со наслов „Круговите на Васко Попа“, како и био-библиографски летопис.[1]
- Список
- Патка
- Коњ
- Глуварче
- Костен
- Кактус
- Мов
- Компир
- Виолина
- Хартии
- Опсадена ведрина
- Познанство
- Железна јаболкница
- Одекнување
- Златно бреме
- Заминување
- Опсадена ведрина
- Игри
- Пред играта
- Шајки
- Криеници
- Заводници
- Ружокрадци
- Меѓу игрите
- Брканици
- Семиња
- Прескакулици
- Ловци
- Пепелишта
- По играта
- Белутрак
- Белутрак
- Срцето на белутракот
- Сонот на белутракот
- Љубовта на белутракот
- Авантурата на белутракот
- Тајната на белутракот
- Два белутрака
- Проѕевка над сите проѕевки
- Оставината на ѕвездознаецот
- Заборавлив број
- Скаменети одгласи
- Мудар триаголник
- Гордлеиав грешка
- Приказна за една приказна
- Проѕевка над сите проѕевки
- Земја исправена простум
- Сопоќани
- Манасија
- Калениќ
- Радимља
- Белград
Технички одлики
уредиКнигата е објавена во рамките на библиотеката „Современа лирика“, а преводот, изборот и поговорот ги напишал Влада Урошевиќ. Типизацијата, нацртот на обвивката и на корицата се дело на Михаило Писањук, а корекцијата ја направиле Елена Павлова и Ружица Димишковска. Книгата има тврди корици и била испечатена во графичкиот завод „Гоце Делчев“ во Скопје, во 2 000 примероци. Таа не е каталогизирана и ја нема меѓународната ознака ISBN.[1]