Под Вавилон – задачата на преведувачот

книга стручна монографија од Драги Михајловски

Под Вавилон : задачата на преведувачот македонски е книга стручна монографија од Драги Михајловски. Книгата е издадена во 2002 година во Македонија.[1]

Под Вавилон : задачата на преведувачот
АвторДраги Михајловски
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски
Жанрстручна монографија
ИздавачСкопје : Каприкорнус, 2002
Издадена
2002
Медиум355 стр. : илустр. ; 21 см
Страници355 стр
ISBN9989-715-14-9

Содржина уреди

„Под Вавилон : задачата на преведувачот“ е стручна монографија на Драги михајловски во која тој ги објаснува главните и суштински постулати во неговата грандиозна преведувачка и творечка активност: „Значи, она за што, фактички, е свесна нашата цивилизација, што го осознала и на што е осудена и во чиј начин на функционирање е поприлично воведена, е процесотна преведување. Оттука, чинот што го вршел нашиот Бог кога нè создавал нас и нашиот свет е чист чин или процес на преведување, а нашата активност потоа, разбирливо, како негови преводи, е само негова имитација, повторно преведување или препреведување на првите божји преводи: светот и нас самите со сите начини на нашето живеење, физички, духовни. Тогаш јасно е дека кога човекот ја менува природата, физичкиот свет, тој само „преведува“, ги преведува, на пример, реките во вештачки езера, ги преведува голините во шуми, дрвјата во мебел и целулоза, железната руда во железо, железото во Ајфелова кула, неразбирливиот црцор на птиците во убава книжевност, изгледот на тигрите во поезија, внатрешните недоумици и надворешниот од низ животот во проза, џагорот на душата во симфонии, ораториуми, опери, возбудата на окото во слики, графики итн... Преведувањето затоа е широк, најширок семиотички процес при којшто, не само што човекот преведува по угледот на својот Бог, туку „преведува“, и тоа секојдневно, и самата природа која, еднаш преведена од Бога, осудена е постојано да се преведува себеси низ многуте процеси што сеслучуваат во неа.[2]

Светот е осуден на превод, човекот е осуден на превод, а преводот како процес, во суштина, ја искажува недостасаноста, незрелоста, несовршеноста, или просто, минливоста, менливоста и смртноста на светот и човекотво неа. Светот и човекот се, од самиот почеток, осудени како преводи да бидат неуспешни во сите свои активности бидејќи сè што прават никогаш не може да се заврши. Тие само преведуваат, а не можат ништо да допреведат. Тие се само една привремена форма, како и преводот, како нашиот Бог кој застанат на брегот од етерниот океан, самоги гледа површинските крукчиња на матниот простор (современата, најнова состојба на светот) и безнадежно го довикува оригиналот, оној што нив ги произведува и е скриен длабоко некаде во темните пазуви на безгазерното пространство без намера некогаш да се покаже. Дали при ова Бог е добар преведувач?“.[2]

Од „4. Излегување во задачата на преведувачот“ „Најпосле, преводот е форма која симболички многу говори ИЗВАДОЦИ ОД „,ПОД ВАВИЛОН“ и за суштината на нашата цивилизација. Ни се чини, баремпо „резултатите“ од она што го направивме, дека нашата судбина, судбината на овој свет во кој доминира стремежот кон интертекстуалниот Бог, оригинал во делови чиј почеток и крај за нас, смртниците, е несогледлив, е преводот како форма и преведувањето како процес. Ние сме осудени на превод, тој е нужен и невозможен, таква, ни се чини, како во вавилонскиот случај што го живееме, е нашата постановка. Единственото што ни доаѓа како благодет во оваа долга, незавршлива, преведувачка „игра“ е задоволството од текстот. Само ова и ништо друго зашто начинот на кој функционира овој свет е преведувачки, а тој, во својата метонимиска поставеност не ја доградува вавилонската кула, туку сè повеќе ја разградува, ја тегне, ја шири по хоризонтала, никогаш во вертикала. Ние нужно живееме заедно со Бенјамин, Дерида, Де Ман, Иглтон, потиснати под нејзината хоризонтално полегната става во вечен плач (најсилен е на тие што се најдобри преведувачи) по недостижното суштинско што се крие во сонот за нејзиното завршување и исправање: а тоа е смртта на преводот и почетокот на разбирањето.[2]

Наводи уреди

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди