Македонски: Прекршување на зрак низ планпаралелна плочка со помош на иглички (чепкалки за заби). На хартијата под планпаралелната плочка се црта положбата и обликот на плочката. Од едната страна на плочката на некое растојание се поставува игличка. Од истата страна, до плочката се поставува и втора игличка, така што од одбран агол на гледање ќе се поклопува со првата игличка. Од другата страна, до плочката се поставува трета игличка така што од истиот агол на гледање ќе се поклопува со сликата на втората игличка. Се поставува и четврта игличка на поголемо растојание од плочката која се поклопува со третата игличка. Се црта зракот што се емитира од првата игличка, минува низ планпаралелната плочка и изглегува од неа. Со испрекинати линии се цртаат нормалите на граничната површина воздух - стакло и стакло - воздух во точката каде упаѓа зракот. Со испрекинати линии се продолжуваат правците на упадниот и последниот прекршен зрак. Се забележува дека тие се паралелни. Ова значи дека зракот по прекршувањето воздух - стакло и стакло воздух не го менува правецот туку само се поместува. Изведен од проф. Оливер Зајков на Институтот за физика на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
да споделите – да го умножувате, распространувате и емитувате делото
да преработувате – да преработувате
Под следните услови:
наведи извор – Ќе мора да дадете прикладен припис, да ставите врска до лиценцата и да укажете дали има направено промени. Ова може да биде направено на било кој разумен начин, но без да оддава впечаток дека лиценцодавецот стои зад Вас и Вашата употреба.
сподели под исти услови – Ако го измените или преобразите делото, или пак ако основате друго дело на него, добиеното дело (придонесот) морате да го распространувате (објавувате) само под истата или складна лиценца на изворната.
Оваа податотека содржи дополнителни информации, најверојатно додадени од дигиталниот апарат или отсликувач. Ако притоа податотеката претрпела промени, некои податоци може да не соодветствуваат во целост по промената на податотеката.