Податотека:Струшко четвороевангелие - почеток на 17 век.pdf

Оди на страница
следна страница →
следна страница →
следна страница →

Изворна податотека(1.104 × 770 пиксели, големина: 31,77 МБ, MIME-тип: application/pdf, 277 страници)

Врска до Ризницата Ова е податотека од Ризницата на Викимедија и може да се користи на други проекти. Подолу е наведена содржината на нејзината описна страница.
Заедничката ризница е складиште на слободно-лиценцирани слики и снимки. И Вие можете да помогнете.

Опис

Опис
Македонски: Опис: Струшко четвороевангелие, српска редакција од почетокот на XVII век

Хартија: 30 х 20 см., 276 листа. По л. 248 недостасува 1 лист, т.е. од зачало M до зачало МБ; по л. 250 недостасуваат повеќе листови, т.е. од зачало МГ до зачало НГ; по л. 251 недостасуваат повеќе листови, т.е. од зачало НГ до начало НЅ. На л. 22 оштетени се долните два агли од маргините. На л. 250 оштетени се горниот десен агол и долниот лев агол на маргините. На л. 251 недостасува горниот десен агол. Од л. 252 има само мал остаток.

Писмо: По 21 ред, во една колона, освен во почетокот во предсловието по 28 реда, т.е. 23 реда на првата страница. На л. 4, 81‛ и 132‛ има текст од друга рака. Текстот е пишуван на празните страници од истиот ракопис само подоцна. Ракописот е пишуван со прекрасен крупен полуустав од XVI век. Српска редакција, ресавски правопис, големиот ер (ъ) во предлозите и префиксите, а малиот ер (ь) обично на крајот од зборот, но недоследно. Се употребува ѕ на пр. кнеѕе, ѕвѣзда, ѕѣло, смїе и др. Има акценти, спиритуси и кендема. Од интерпункцијата има точка. Заглавијата и позначајните места во текстот напишани се со црвено мастило, а останатиот текст со црно.

Водени знаци: „Сидро во еден потег во круг со тролист одозгоре“ со контрамарка С-В ор последната четвртина на XVI век. „Сидро во еден потег во круг со тролист одозгоре“ со контрамарка Ѕ-I на тролистот.

Орнаментика: Богата. На л. 1: плетенка со чашка во средината и листови од страните. Плетенката е цртана со црвена, сина, кафена и зелена боја. На л. 5: широко знаменце со плетеници и четири квадрати секој поделен на четири триаголници, од страните со форми од растителни елементи со црвена, сина, златна и зелена боја. Почетната буква К на истата страница богато илустрирана т.е. иницијална. На л. 82: широко знаменце од балкански тип со плетени кругови, нацртано со црвена, сина, златна и зелена боја. На л. 133: широко знаменце од балкански тип ,испреплетени кругови, нацртано со црвена, сина, златна и зелена боја. Првата почетна буква П на истата страница е богато илустрирана. На л. 214: големо знаменце од балкански тип на правоаголна форма врамено, внатре плетеница со црвена, сина, златна и зелена боја. На истата страница почетна буква В богато илустрирана. Заглавијата на четирите евангелија се напишани со големи букви со доза на иницијалност.

Повез: Оригинален, штица обложена со темно кафена кожа. Во кожата има втиснат орнамент во форма на правоаголник со разни украсни мотиви и со крст во средината.

Содржина: Четвороевангелие.

Потекло: Ракописот е најден во Струга.
English: This material/file, old text slavonic script manuscript, is provided according to signed Memorandum for collaboration between Wikimedia Macedonia and National and University Library "St. Kliment of Ohrid".
Датум
Извор http://staroslovenski.nubsk.edu.mk/
Автор НепознатUnknown author

Локација: НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје. http://staroslovenski.nubsk.edu.mk/strusko-cetvoroevangelie-17v.html

Лиценцирање

Public domain

Ова дело е во јавна сопственост и во земјите и подрачјата каде авторските права важат додека е жив авторот плус 70 години или пократко.


Ќе мора да ставите и ознака за јавна сопственост во САД за да укажете дека делото го има укажаниот статус во таа земја. Имајте предвид дека во неколку земји авторското право важи подолго од 70 години: во Мексико е 100, во Јамајка е 95, во Колумбија е 80, а во Гватемала и Самоа е 75 години. Оваа слика може да не е во јавна сопственост во тие земји, кои воедно не го применуваат правилото на пократок рок. Рокот може да биде продолжен за дела на Французи загинати за татковината во Втората светска војна (повеќе инфо), Руси кои служеле на Источниот фронт („Големата татковинска војна“) и посмртно рехабилитирани жртви на советското угнетување (повеќе инфо).

Описи

Опишете во еден ред што претставува податотекава

Предмети прикажани на податотекава

прикажува

16 мај 2013

Историја на податотеката

Стиснете на датум/време за да ја видите податотеката како изгледала тогаш.

Датум/времеМинијатураДимензииКорисникКоментар
тековна14:23, 16 мај 2013Минијатура на верзијата од 14:23, 16 мај 20131.104 × 770, 277 страници (31,77 МБ)BrestUser created page with UploadWizard

Податотекава се користи во следнава страница:

Метаподатоци