Македонски: Опис: Службен минеј за мај со житија, српска рецензија од првата половина на XV век.
Хартија: 28 х 20 см., 179 листа без крајот. Ракописот бил реставриран во XVIII век, при што сите листови биле потсечени од сите страни.
Писмо: Во 2 колони по 28 реда. Убав полуустав со форми од втората половина на XIV век. Од XV век - устав со полууставни елементи. Употребува паралелно Т - уставно и триножно, ѣ и Ж - уставно и полууставно, валчесто В и тн. Српска рецензија со еден ь (многу ретко надвлечено ъ во предлозите); со акценти; интерпункција со запирка. Насловите и заглавните букви се испишани со црвено мастило.
Водени знаци: „Буквата М под круна“ и „Кула“. На парчето хартија со кое се лепени листовите во XVIII век има „Три вертикално поставени круга со крст одозгора“ со иницијали „РО“ и „Р“ во средниот и долниот круг.
Орнаментика: На л. 1 има квадратно плетено знаменце - бела лента на жолта основа со црвена боја во јазлите. Црвени иницијали од скромен облик.
Повез: Од времето на реставрацијата - штици со кос раб во црвеникава кожа со барокни украси. Тесна рамка со украси на аглите и со медалјони во средината. На предната корица е прикажан Давид со ролна во раката и со натпис MAKARIOC ANHP (почетокот на I псалм); на задната корица има медалјон со флорален орнамент кој ја опкружува книгата. Кожата на ‛рбетот е искината.
Содржина: Службен минеј за месец Мај.
Потекло: N/A
English: This material/file, old text slavonic script manuscript, is provided according to signed Memorandum for collaboration between
Wikimedia Macedonia and
National and University Library "St. Kliment of Ohrid".