Податотека:Прилепски Никифоров минеј за цела година - средина на 16 век.pdf

← претходна страница
Оди на страница
← претходна страница
← претходна страница
следна страница →
следна страница →
следна страница →

Изворна податотека(1.512 × 1.050 пиксели, големина: 12,35 МБ, MIME-тип: application/pdf, 94 страници)

Врска до Ризницата Ова е податотека од Ризницата на Викимедија и може да се користи на други проекти. Подолу е наведена содржината на нејзината описна страница.
Заедничката ризница е складиште на слободно-лиценцирани слики и снимки. И Вие можете да помогнете.

Опис

Опис
Македонски: Опис: Прилепски Никифоров минеј за цела година со поуки за триодот и др. Српска редакција, ресавски правопис од средината на XVI век.

Хартија: 18 х 14 см., 147 листа. Ракописот има оригинална кирилска пагинација по кватерниони, обележани на првиот и осмиот лист од кватернионот. Содржи вкупно 20 кватерниони. Недостасуваат вкупно 13 листа и тоа: од првиот недостасуваат 2 листа, од третиот 1 лист, од осумнаесетиот 6 листа, од деветнаесетиот 1 лист и од двеасетиот кватернион недостасуваат 3 листа. Од л. 22 недостасува големо парче од горната десна страна, а од л. 135 недостасува горниот десен агол.

Писмо: Во почетокот до л. 22 има по 22 реда, а потоа по 21 ред сѐ до крајот на ракописот. Убав полуустав со облици од XVI век. Српска редакција со траги од ресавскиот правопис, ъ се употребува во предлозите и во префиксите, а на одредени места и на крајот од зборот. ь обично се сретнува на крајот од зборот. Се среќава ѕ (ѕвьздами, б(о)ѕе, ѕвѣрь) и др. Се јавуваат акценти и спиритуси. Интерпункцијата е изразена со точка, две точки и запирка. Насловите, иницијални и упатствата се црвени.

Водени знаци: „Сидро во круг со ѕвезда одозгора“ со контрамарка „ВА“; „Кардиналска капа“.

Орнаментика: Скромна. На л. 1 има тесно знаменце во вид на фриз, на десната страна оштетено. На л. 105‛ и 143‛ црвени плетенки. На л. 143‛ и 147‛ голема иницијална буква „В“. На л. 6‛, 25, 41 и 53 поголеми букви Ц, А, Д и В со доза на иницијалност.

Повез: Во време на опишувањето, ракописот нема предна корица, а задната распарталена од картон завиткан во тенка жолта кожа.

Содржина: Минеј за секој ден во годината, поуки за триод и др.

Потекло: Ракописот е купен од прота Боро Талевски од Прилеп.
English: This material/file, old text slavonic script manuscript, is provided according to signed Memorandum for collaboration between Wikimedia Macedonia and National and University Library "St. Kliment of Ohrid".
Датум
Извор http://staroslovenski.nubsk.edu.mk/
Автор НепознатUnknown author

Локација: НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје. http://staroslovenski.nubsk.edu.mk/prilepski-nikiforov-minej-16v.html

Лиценцирање

Public domain

Ова дело е во јавна сопственост и во земјите и подрачјата каде авторските права важат додека е жив авторот плус 70 години или пократко.


Ќе мора да ставите и ознака за јавна сопственост во САД за да укажете дека делото го има укажаниот статус во таа земја. Имајте предвид дека во неколку земји авторското право важи подолго од 70 години: во Мексико е 100, во Јамајка е 95, во Колумбија е 80, а во Гватемала и Самоа е 75 години. Оваа слика може да не е во јавна сопственост во тие земји, кои воедно не го применуваат правилото на пократок рок. Рокот може да биде продолжен за дела на Французи загинати за татковината во Втората светска војна (повеќе инфо), Руси кои служеле на Источниот фронт („Големата татковинска војна“) и посмртно рехабилитирани жртви на советското угнетување (повеќе инфо).

Описи

Опишете во еден ред што претставува податотекава

Предмети прикажани на податотекава

прикажува

16 мај 2013

Историја на податотеката

Стиснете на датум/време за да ја видите податотеката како изгледала тогаш.

Датум/времеМинијатураДимензииКорисникКоментар
тековна13:19, 16 мај 2013Минијатура на верзијата од 13:19, 16 мај 20131.512 × 1.050, 94 страници (12,35 МБ)BrestUser created page with UploadWizard

Податотекава се користи во следнава страница:

Глобална употреба на податотеката

Оваа податотека ја користат и следниве викија:

Метаподатоци