Податотека:Поречки октоих петтогласник од 5-8 глас - средина на 15 век со дополнение од 1574 год..pdf

Оди на страница
следна страница →
следна страница →
следна страница →

Изворна податотека(1.043 × 770 пиксели, големина: 21,6 МБ, MIME-тип: application/pdf, 177 страници)

Врска до Ризницата Ова е податотека од Ризницата на Викимедија и може да се користи на други проекти. Подолу е наведена содржината на нејзината описна страница.
Заедничката ризница е складиште на слободно-лиценцирани слики и снимки. И Вие можете да помогнете.

Опис

Опис
Македонски: Опис: Поречки октоих петтогласник од 5-8 глас, македонска безјусова редакција, од средината на XVI век со дополнение од средината на XVI век, т.е. од 1574 година.

Хартија: 29,5 х 19 см.; 178 листови. Основниот ракопис од л. 31-56, 60-110, 117-143 и од 147-175 е од средината на XV век. Дополнението е направено во средината на XVI век, веројатно на изгубените листови. Размер на текстовното поле во основниот ракопис е 23 х 15 см., а во дополнението 22,3 х 13 см. Тетратки по 8 листа, нумерирани во почетокот и на крајот од секоја свеска со кирилски букви, но доста пореметено поради дополнението. Ракописот со дополнението е комплетен со мали пропусти. Во 1758 година ракописот е укоричен и обновен. Листовите 1-3 и 176-178 што се додадени при укоричувањето во XVIII век не се испишани. Листот 123 при укоричувањето обратно е ставен.

Писмо: Во основниот ракопис од средината на XV век има по 13 реда убаво полууставно писмо во две колони. Правописот е едноеров, само малиот ер, без траги од ресавскиот правопис. Акцентот се употребува доста ретко, а кендемата почесто. Од интерпункцијата употребена е точката, а поретко и запирката.

Вториот ракопис, т.е. дополнението од средината на XVI век содржи по 29-30 реда покрупно полууставно писмо во две колони. Правописот е двоеров под влијание на ресавската правописна школа. Големиот ер обично се употребува во предлозите и префиксите, а малиот ер на крајот од зборот. Употребува ѕ (ѕѣлѡ) и др. Од надредните знаци употребен е акцентот, но недоследно, и кендемата за означување на должината. Интерпункцијата е означена со точка и запирка. Насловите и почетните букви во двата ракописа се со црвено мастило, а останатиот текст со кафено мастило. Водени знаци: I (основен ракопис). Непознат тип „змеј со крилја од двете страни“. „Полумесечина“.

II (дополнение). „Сидро во круг“ со контрамарка.

Орнаментика: Нема. Во почетокот на л. 4 има тесно примитивно знаменце со кафено и црвено мастило. Насловите и почетните букви се поголеми и со извесна доза на иницијалност.

Повез: Две штички завиткани во орнаментирана кафена кожа со остатоци од копчиња за закопчување. Подврзието е направено во XVIII век.

Содржина: Октоих од V-VIII глас.

Потекло: Ракописот е најден во с. Бенче - Македонски Брод, во 1988 догина.
English: This material/file, old text slavonic script manuscript, is provided according to signed Memorandum for collaboration between Wikimedia Macedonia and National and University Library "St. Kliment of Ohrid".
Датум
Извор http://staroslovenski.nubsk.edu.mk/
Автор НепознатUnknown author

Локација: НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје. http://staroslovenski.nubsk.edu.mk/porecki-oktoih-pettoglasnik.html

Лиценцирање

Public domain

Ова дело е во јавна сопственост и во земјите и подрачјата каде авторските права важат додека е жив авторот плус 70 години или пократко.


Ќе мора да ставите и ознака за јавна сопственост во САД за да укажете дека делото го има укажаниот статус во таа земја. Имајте предвид дека во неколку земји авторското право важи подолго од 70 години: во Мексико е 100, во Јамајка е 95, во Колумбија е 80, а во Гватемала и Самоа е 75 години. Оваа слика може да не е во јавна сопственост во тие земји, кои воедно не го применуваат правилото на пократок рок. Рокот може да биде продолжен за дела на Французи загинати за татковината во Втората светска војна (повеќе инфо), Руси кои служеле на Источниот фронт („Големата татковинска војна“) и посмртно рехабилитирани жртви на советското угнетување (повеќе инфо).

Описи

Опишете во еден ред што претставува податотекава

Предмети прикажани на податотекава

прикажува

16 мај 2013

Историја на податотеката

Стиснете на датум/време за да ја видите податотеката како изгледала тогаш.

Датум/времеМинијатураДимензииКорисникКоментар
тековна14:18, 16 мај 2013Минијатура на верзијата од 14:18, 16 мај 20131.043 × 770, 177 страници (21,6 МБ)BrestUser created page with UploadWizard

Нема страници што ја користат оваа податотека.

Глобална употреба на податотеката

Оваа податотека ја користат и следниве викија:

Метаподатоци