Податотека:Зрзевско четвороевангелие - крај на 16 век и почеток на 17 век.pdf

Оди на страница
следна страница →
следна страница →
следна страница →

Изворна податотека(1.093 × 770 пиксели, големина: 25,19 МБ, MIME-тип: application/pdf, 229 страници)

Врска до Ризницата Ова е податотека од Ризницата на Викимедија и може да се користи на други проекти. Подолу е наведена содржината на нејзината описна страница.
Заедничката ризница е складиште на слободно-лиценцирани слики и снимки. И Вие можете да помогнете.

Опис

Опис
Македонски: Опис: Зрзевско четвороевангелие, српска редакција, од крајот на XVI и почетокот на XVII век.

Хартија: 29,5 х 19 см., 228 листови. Во почетокот недостасуваат повеќе листови. На л. 1 недостасува долниот лев агол. По л. 1 недостасува 1 лист (искинат поради знаменцето во почетокот на Евангелието од Марко). По л. 227 недостасува 1 лист. На крајот недостасуваат 2 листа.

Писмо: По 23 реда, калиграфски полуустав со облици од XVI век. Српска редакција со траги од ресавски правопис: ъ во предлозите и префиксите, ь на крајот од зборот. Употребува ѕ (ѕѣло, мнѡѕїи,кнеѕь). Од надредните знаци употребен е акцент доследен во целиот ракопис и кендема. Интерпункцијата е изразена со точка и запирка. Насловите и почетните букви се црвени, но има на некои места измешано црвена и сина боја.

Водени знаци: „Сидро во круг со тролист одозгора“ и контрамарка I-C со тролист во средина, „сидро во круг со тролист одозгора“ со контрамарка З-Р со тролист во средина.

Орнаментика: На л. 100: Големо квадратно знаменце со исплетени гранчиња и други флорални елементи внатре и со три цветни елементи надвор од рамките на квадратот на горната страна, со црвена, жолто-златна и сина боја. Во ист стил и колорит се наоѓа голем плетен иницијал од буквата „П“. На л. 202: Големо квадратно знаменце со испреплетени гранчиња и цветчиња внатре и со флорални елементи надвор од рамките на квадратот, со црвена, жолто-златна и сина боја. Во ист стил и колорит се наоѓа голем плетен иницијал од буквата „В“. Повез: Сочуван е во оригинална форма, само предната корица - даска завиткана со орнаментирана кафена кожа на која има втиснат натпис „ТРИФОЛОГИОН“. Има остатоци од копчиња за закопчување. Задната корица е додадена од друга книга, исто така даска завиткана со кафена орнаментирана кожа со многу црвојадини по неа.

Содржина: Четвороевангелие.

Потекло: Ракописот е најден во градот Велес.
English: This material/file, old text slavonic script manuscript, is provided according to signed Memorandum for collaboration between Wikimedia Macedonia and National and University Library "St. Kliment of Ohrid".
Датум
Извор http://staroslovenski.nubsk.edu.mk/
Автор НепознатUnknown author

Локација: НУ-НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје. http://staroslovenski.nubsk.edu.mk/zrzevsko-cetvoroevangelie.html


Лиценцирање

Public domain

Ова дело е во јавна сопственост и во земјите и подрачјата каде авторските права важат додека е жив авторот плус 70 години или пократко.


Ќе мора да ставите и ознака за јавна сопственост во САД за да укажете дека делото го има укажаниот статус во таа земја. Имајте предвид дека во неколку земји авторското право важи подолго од 70 години: во Мексико е 100, во Јамајка е 95, во Колумбија е 80, а во Гватемала и Самоа е 75 години. Оваа слика може да не е во јавна сопственост во тие земји, кои воедно не го применуваат правилото на пократок рок. Рокот може да биде продолжен за дела на Французи загинати за татковината во Втората светска војна (повеќе инфо), Руси кои служеле на Источниот фронт („Големата татковинска војна“) и посмртно рехабилитирани жртви на советското угнетување (повеќе инфо).

Описи

Опишете во еден ред што претставува податотекава

Предмети прикажани на податотекава

прикажува

16 мај 2013

Историја на податотеката

Стиснете на датум/време за да ја видите податотеката како изгледала тогаш.

Датум/времеМинијатураДимензииКорисникКоментар
тековна14:24, 16 мај 2013Минијатура на верзијата од 14:24, 16 мај 20131.093 × 770, 229 страници (25,19 МБ)BrestUser created page with UploadWizard

Податотекава се користи во следнава страница:

Метаподатоци