Планината Сент Виктоар (Сезан)
Планината Сент Виктоар е циклус на маслени слики на францускиот уметник Пол Сезан.
Опис
уредиПланината Сент Сент Виктоар е планина во јужна Франција , со поглед кон Екс ан Прованс. Тоа станала предмет на голем број слики на Сезан[1].
На овие слики, Сезан често го скицираше железничкиот мост на линијата Екс ан Прованс - Марсеј кај долината на реката Арка, во центарот на десната страна на сликата. Особено, во Планината Сент Виктоар и Вијадуктот на долината на реката Арк (1885-1887), тој го претставил возот што се движел на овој мост.
Всушност, за Сезан, ова не било обичен мотив и циклус, речиси севкупниот творечки век најмногу го псветил обработувајќи ја темата на планината.
Преку колористичкиот, композицискиот и концептуалниот ракусрс, тој дошол до некои значајни ликовни откритија кои ќе ја променат светската ликовна уметност, во перспективата и пановите на овie сликi вклучително и мотивите тој меѓудругото ќе го наговести и кубизмот. Сезан бил исклучителен во ликовната анализа: тој користел геометрија за да ја опише природата и различни бои за да ја претстави длабочината на предметите[2].
Подолго време живеел во Екс ан Прованс, осамен, скромен и целосно посветен на сликарството. Неговата приврзаност кон овој мотив - метафора, била и причината за неговата смрте - последната негова слика ја работел на отворено, сликајќи ги мотивите од планината Сент Виктоар', во работењето го затекнал силен дожд кој бил причина за да добие тешко воспаление на белите дробови и за неколку денови починал, напуштен, сиромашен.
За ова исклучителна негова ликовна посветеност австрискиот нобеловец Петер Хандке го напишал делото „Поуките на планината Сент Виктоар“, со што ја обележал оваа значајна појава во ликовната уметност[3].
Галерија
уреди-
Планината Сент Виктоар и голем бор (c. 1887), Институт Корто
-
Планината Сент Виктоар, 1890, Скотиш национал галери
-
Планината Сент Виктоар и Шато Ноар, 1904–06, Ликовен музеј Бриџстоун